Мојата партија

Day 1,304, 06:10 Published in North Macedonia North Macedonia by pacmanmk

Мојата партија ви ветува се,
мојата партија ви удоволува се,
најдобар живот, најдобар систем,
најдобри женски, најдобри курви,
како без работа да добиете пари,
како за малку да добиете многу,
ќе бидеме сигурно први во ова,
ќе бидеме сигурно први во она,
вие од култура ќе добиете пари,
вие од стопанството ќе имате средства,
слободни раце,
вие од мафијата ќе си го јадете газот,
секој ден ќе биде празник,
а сепак ќе имаме висок стандард,
нашите каси се полни со девизи,
и нема да имаме економски кризи,

мојата партија не припаѓа на леви,
мојата партија не припаѓа на десни,
ќе понудиме нешто ново на светот,
ќе понудиме нешто добро за светот,
ќе најдеме лек за ќелавите мажи,
ќе најдеме лек за фригидните жени,
лечиме импотенција со голем успех,
ќе отвориме големи банки со сперма,
полни очи празни раце,
во нашиов случај не важи тоа,
за нас вашите желби се закон,
за нас вашите желби се светост,
затоа морате да гласате за мене,
зборот ми е гласајте за себе,
за победа мора да гласате за мене,
ќе ве убијам ако не гласате за мене!