Како за 2 недели до ММ медалот ?!

Day 1,302, 18:34 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedona


Кој ли не, се би дал само да дојде побрзо до оваа ,,омилено,, медалче 🙂
Но, дали ,,ТЕРЕНОТ,, ви е подготвен за побрзо да го добиете?

Најпрво треба да знаете дека за овој медал е потребно да отворите весник кој
ќе ве чини 2 златника. Нема проблем, за толку имаат повеќето од вас.
Но кога ке додадеме дека треба да добиете и 1.000 претплати (subscribe) ќе видиме дека воопшто не е лесно да се стигне до медалчето.

Еве некои совети како побрзо да го ,,освоите,,!


1. Одете од весник на весник, разлистувајки ги статиите, прегледувајте ги профилите на тие што веќе ставиле SUBSCRIBE односно што веќе се претплатиле, и доколку има од 100 пријатели нагоре, понудете му пријателство. Зошто?
Па затоа што, кога тој би се претплатил и ставил shout на вашата статија, автоматски се појавува кај сите негови пријатели, и шансите за што повеќе претплати се зголемени. Значи понудувајте пријателства, што повеќе пријатели толку побрзо сте ја завршиле првата фаза.


2.Читајте статии! Многумина ќе кажат, хехе јас на училиште не читав, па сега овде ќе читам. НЕ !!! Веднаш правите голема грешка! Читајки, се информирате, дознавате што се случува, добивате информации, а со тоа и ЌЕ ВИ ДОЈДЕ СИГУРНО И ИДЕА како да напишете добра статија. Само така, без да делите подароци, ќе добиете голем број на претплати.
Со оваа ја завршуваме втората фаза.


3.Кога пишуваме, мора да бидеме кратки и јасни. Да не пренатрупуваме зборови, и најважно да не ,,побегнеме,, од темата што сме ја почнале. Насловот мора да биде УДАРЕН и да привлече што повеќе љубопитност лугето да ја отворат и прочитат статијата.
По можност ставете и некоја фотографија да ја разбие монотонијата, бидејки окото сака малку ,,шаренило,, а не само црно на бело. Откако ќе на напишеме статијата, ја одбираме подолу категоријата каде што припаѓа нашата статија и кликаме на Publish односно ја објавуваме.
За почеток сами кликнете на Vote и објавете ја на вашиот зид. Така ќе почне експанзивно да се шири по зидовите на вашите пријатели. Од време на време, прегледувајте ја статијата, ако некој ви ставил SUB и бара од вас да му вратите, веднаш возвратете, бидејки можете да добиете контра ефект, односно тој да се откаже од вашата статија и ќе изгубите една претплата помалку.
НИКАКО НЕ ПИШУВАТЕ НАВРЕДЛИВИ СТАТИИ, КОИ БИ ПОВРЕДИЛЕ ИЛИ ОМАЛОВАЖИЛЕ НЕКОИ ИГРАЧИ бидејќи можете да добиете REPORT (жалба) од негова страна кај администраторот и со тоа да заработите казнен поен, бришење на статијата или недај боже може и да Ви го БАНИРААТ профилот!

И уште оваа, овој ММ медал, ви носи како награда 5 златника на секој 1.000 претплати!

Тоа е мојот совет. Ако имате било какви прашања слободно оставете коментар, ќе се потрудам што побрзо да Ви одговорам.

За shout:
Како за 2 недели до ММ медалот ?!
http://www.erepublik.com/en/article/-2-1-1799139/1/20

И ЗА НА КРАЈ. ЕВЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ КАЈ МЕНЕ ЗА 2 НЕДЕЛИ:

Зголеми ја фотографијата
БЛАГОДАРАНОСТ ДО СИТЕ ШТО ПОМОГНАА...