Ливерпул го обезбеди потписот на Хендерсон !

Day 1,302, 11:20 Published in North Macedonia North Macedonia by IcemanGamer

Медиумите од островото денеска ја пренесуваат информацијата дека англискиот премиерлигаш Ливерпул успеал да ги осигура услугите на 20-годишниот играч од средниот ред на Сандерленд, Џордан Хендерсон.
Вредноста на зедлката е 20 милиони фунти, а Ливерпул во понудата го вклучи и францускиот напаач Давид Н'Гог, па така ќе плати само дел од погоренаведената сума.

Екипата на Сандерленд ја прифати втората понуда од Енфилд со оглед на тоа дека првата официјална понуда беше испратена минатата недела, но беше инстантно одбиена.

Трансферот ќе биде финализиран по завршувањето на Европското првенство за млади во Данска каде што Хендерсон настапува во составот на Англија.

Неговиот договор со „црвените“ ќе биде во времетраење од пет години, а трансферот е првиот чекор на Кени Далглиш во обновувањето на екипата од Енфилд за наредната сезона.

Следното ново засилување на Ливерпул најверојатно ќе биде 19-годишниот дефанзивец на Блекбурн, Фил Џонс, а „црвените“ ќе се обидат да го ангажираат и капитенот на Блекпул, Чарли Адам како и талентираниот 18-годишен напаѓач на Ипсвич, Конор Вилким.[img]http://www.gettyimages.com/detail/115742770/Liverpool-FC[/img]