Адам од Говрлево

Day 1,301, 07:09 Published in North Macedonia North Macedonia by mamuc

МАШКОТО КЕРАМИЧКО ТОРЗО ПРОНАЈДЕНО ВО СКОПСКО - ЕДНО ОД 10-ТЕ НАЈГОЛЕМИ ОТКРИТИЈА ВО СВЕТОТ
Адам од Говрлево предвесник на Библијата
Машкото торзо, пронајдено на неолитското наоѓалиште Говрлево - Скопско, на неодамнешниот меѓународен конгрес во Пула беше оценето како едно од 10- те најголеми откритија во светот.

На петнаесетина километри од центарот на Скопје, затскриено зад јужните падини на Водно, се наоѓа неолитското наоѓалиште Говрлево. Местото е, велат оние што го посетиле, чудесно. Во себе едновремено крие и прекрасен мир и некаква пријатна возбуда. Распространет на 4 хектари плодно земјиште, локалитетот потсетува на голем природен амфитеатар. Од двете страни е ограничен со потоци, на чија утока е силен извор. Легендите велат, таа вода била лековита. "Тука се излечил еден голем цар", зборува една од нив, а царот бил никој друг туку Јустинијан Први, големиот антички император роден во непосредна близина, во антички Таорисиум, денешен Таор. Локалитетот , пак, Говрлево во себе чува илјадагодишни тајни. Од предисториското време до денес. Во земјата, на длабочина од четири метри се напластени слоеви на населби, градени една врз друга низ милениумите. Шесте хоризонти, досега откриени, говорат за нашите предци од времето на раниот до доцниот неолит, се до бронзеното време. Токму тука, пред две години е пронајдено возбудливото керамичко машко торзо, кое датира од 4000 година пред нашата ера. [img]МАШКОТО КЕРАМИЧКО ТОРЗО ПРОНАЈДЕНО ВО СКОПСКО - ЕДНО ОД 10-ТЕ НАЈГОЛЕМИ ОТКРИТИЈА ВО СВЕТОТ Адам од Говрлево предвесник на Библијата Машкото торзо, пронајдено на неолитското наоѓалиште Говрлево - Скопско, на неодамнешниот меѓународен конгрес во Пула беше оценето како едно од 10- те најголеми откритија во светот, кое многу ќе ја промени с На петнаесетина километри од центарот на Скопје, затскриено зад јужните падини на Водно, се наоѓа неолитското наоѓалиште Говрлево. Местото е, велат оние што го посетиле, чудесно. Во себе едновремено крие и прекрасен мир и некаква пријатна возбуда. Распространет на 4 хектари плодно земјиште, локалитетот потсетува на голем природен амфитеатар. Од двете страни е ограничен со потоци, на чија утока е силен извор. Легендите велат, таа вода била лековита. "Тука се излечил еден голем цар", зборува една од нив, а царот бил никој друг туку Јустинијан Први, големиот антички император роден во непосредна близина, во антички Таорисиум, денешен Таор. Локалитетот , пак, Говрлево во себе чува илјадагодишни тајни. Од предисториското време до денес. Во земјата, на длабочина од четири метри се напластени слоеви на населби, градени една врз друга низ милениумите. Шесте хоризонти, досега откриени, говорат за нашите предци од времето на раниот до доцниот неолит, се до бронзеното време. Токму тука, пред две години е пронајдено возбудливото керамичко машко торзо, кое датира од 4000 година пред нашата ера.[/img]