НАПОЛЕОН, што е тоа ???

Day 1,300, 14:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski

Како да ја започнам оваа статија. Ајде прво со тоа, да го отвориме пазарот да видиме што ни кажува. Леб q1 = 0.05 мкд , Жито = 0.05 мкд. 😮

Самата информација со лебот и житото ни кажува се. На сите ни е јасно, ама ајде да ја напишам оваа статија бар да ми олесни малце и да направиме една ретроспектива на настаните што допринесоа до уништување на економскиот модул во играта.

Пред да имаш било каков план на уништување на нешто треба да имаш цел. Епа целта на админите се гледа од авион, а тоа е купување на ЗЛАТО.

Уништувањето започна прво со измените во цените за отварање на компании, каде се преполовија, а понудата на производи отиде до плафон.

Второ на список дојде: -Ајмо upgrade на компании за упола цена. Па уште ни даде и тајмер каде ни одбројуваше како да е смак света. Ајмо људи, ко набије тај добије.

Кој не направи upgrade на компанијата е МАГАРАЦ.

Мирко, Петко, Станко а бога ми и Јас, превртевме све по дома за да го присобереме и последното злато за да си направиме и ние полична компанија. Си викаш дај да ја направам компанијава па после ќе праам поише пари ама напраивме у водата дупка и џабе си го фрливме златото.
Админот кога го постави тоа тајмерот, заборави да стави и објаснување дека за 2 месеци планира да го укине економскиот модул.

Трето на список дојде моментот кога се укинаа и трансформираа компаниите за карти и куќи коишто ја зголемија дополнително понудата на леб и оружје.

Потоа дојде на ред подарокот од Плато, 3 житари и една q1 компанија за леб. Јеееј.. Ама тоа јеееј доведе до тоа, понудата на пазар да отиде до небо, а цените да се преполоват.

Како завршен удар дојдоа и промените од пред некој ден. НЕМА повеќе Work skill и сите произведуваме исто.
Ни ги замачкаа очите со по некое чоколатце и ајде на спиење.

И еве ја сега сликата. Замислете некој што има 5,10 компании за храна и кој што има вложено илјадници злато. Со работа во една компанија има леб за 3 дена, а во другите компании нема зошто да работи затоа што нема на кого да го продаде лебот. Сега може само да ни служат како украс или како медаља во my land и ништо друго.

Како се погоре да не беше доволно, па сега на повеќето од нас за да имаме по 500 здравје треба да дадеме и 30 злато за q2 компанија за оружје + 10 злато за рудник за алуминиум…за двата плаца па не праам муабет.

И со ова ќе си го дадеме и последното златце и после тоа за да вежбаме со бустер можеме да идеме у Фото Бимбо на сликање.

Нова промена во еРепублик:

За некој ден бустерот НАПОЛЕОН ќе се вика MasterCard бидејќи не постои друг начин во играта за да заработиш е-пари.






Полека полека играва ми нема смисла, ама ај бар да ја избришеме Грција па да кречиме по дома.

Да сте ми живи и здрави сите!