[ВанЧо] Нам ни треба едно добро трескање од земја

Day 1,299, 02:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Добар Ви ден Македонци,

оваа статија ќе ја започнам со една мудра мисла, „Во поразот не ја ведни главата и не се понижувај, но и во победата не се занесувај многу и не се преценувај...“

Сигурно сте ја чуле онаа народната дека тркалото се врти, епа токму така драги мои, оваа игра во сиов изминат период од скоро две години додека ја играм е еден повторувачки циклус на победи и порази, на создавање големи империи и нивно задушување во „крв и солзи“. Се радуваш на победите, се нервираш на поразите, цвикаш дека противниците се читери и се така „јово на ново“ се додека еден ден, или ноќ, чичко Плато не го изгаси светлото и направи шатдаун на серверите. До тогаш ќе следуваат и успони и падови, единствено што мораме да го разбереме е дека чичко Плато нема да дозволи една земја или сојуз да го покори целиот еСвет бидејќи тоа ќе значи предвремено затворање на неговата машина за пари. Верувајте ми на зборот, за кратко време, дали со „Божја“ помош или не, тркалото ќе се сврти и нашиот сојуз ќе почне да губи. Ете тука треба да настапиме ние, и машки да се поставиме при поразите, и да пробаме што е можно побрзо да го свртиме тркалото и повторно да бидеме на победничката страна. Со ова не мислам да го смениме сојузот туку да покажеме организираност и сплотеност на која не ќе може да се спротистави на чичко Плато ниту било кој друг, па дури и да губиме, ѓаволски да ги намачиме нашите противници, и да си најдеме забава во играва, а не да цвикаме и да плачеме по статии и кометари.

Судејќи по нашиот менталитет, овде во средината на текстот можам да напишам што сакам бидејќи верувам дека ни половината од вас нема да го прочитаат. Еве нема да ставам болдирани делови ниту нешто ќе потенцирам, едноставно ако некој сака да прочита ќе прочита. Некои кога ќе го видат насловот ќе си помислат, што се треска овој од земја, што му е филмот...епа драги мои воопшто не ми е филмот да удрите воут само затоа што јас сум ја пишувал статијата, или непрочитана да турите v+s, а можеби и сте имале од претходно претплата. Небитно, со оваа статија сакав малку да ја разбудам свеста кај нас еМакедонците.

Играва ја играме многумина од секоја возраст и од различна политичка и социјална провиниенција, од 7 до 77 што се вика, не има со различен карактер, што би рекол Џиз’с „секој со својот крст на чело“. Но јас длабоко верувам дека мнозинството се тука дојдени поради забава и барем за кратко да избегаат од секојдневните политички превирања и грижите кои со себе ги носи реалниот живот. Мрчатори и хејтери имало и ќе има, но ако ги изолираме на една мала група и не им обврнуваме внимание ќе се изгубат.

Нејсе да не се расплинувам многу, да прејдам на главната поента. Во четвртокот вечерта си дојдов дома од роденден. Беше прилично доцна, околу 2 и 30 по полноќ. Стандард се логирав на еРеп да видам до каде сме. Гледам почнала битката за Северна Далмација, испукал Аексил милионче, Шиме го нема али сепак гледам добро е, ѕидот во наша корист и си куцаме поенчиња. Истото верувам го гледале и другите па се опуштиле, и почнаа да бркаат медали по востанијата, некои дури се преселија во други држави таму да си ја бркаат среќата, трети пак си ги чуваа чоколатцата и наоружани до заби чекаа да почне нова рунда во некое од востанијата. И така се ќе беше топ, да не ги фатеше инает Бразилциве, потпомогнати од неколки Амери, Аргентинци и чат пат некој залутан Хрват. И така почнаа они да лупаат, ѕидот почна да паѓа, а водевме со 1610 поенчиња и ни фалеа уште 2-3 минути до победата. Јас имав испукано уште сабајлето во првата битка за Jizan кога гејците прижија отпор и можев само немо да гледам што се случува. Се уклучувам на ирц, и гледам нон-шалантен однос од повеќето, си викаат ајде бе ќе испука Аексил и уште некои црепови и ќе ја добиеме, а ние ќе си бркаме медалчиња во наредните рунди. Го крена ѕидот Бразилциве потпомогнати со некој Хрват, убаво се излупаа пошто кај нив беше попладне и многу жешко па немаа што да прават и тепаа подзаспани Македонци. Излупа Аексил уште пола милионче, дојде Орчун Бехрам и тој едно 600к, се дигна малце паника и кај нашиве, почнавме да пукаме ама тешко оди. Ѕидот си седи на Хрватската половина и никако да мрдне. Си куцаат поенчиња Хрвативе, а нашиве си викаат абе да пукам или џабе, ај подобро нема да пукам ќе си се чувам за медалче во востанијата, ваљда ќе дојде Шиме и ќе ги испотепа сите со буздоганот како Крали Марко што правеше на времето...

И така држ-недај, вака-така, Хрватите ја земаа првата рунда. За тоа време некои од нашиве државни единици си фатија медалчиња во Ал-Бахах или како и да се вика, некои отидоа во Полска да бркаат медал, еден дури го гледам земал Индиско државјанство, го тргнал државниот аватар, фатил медал негде во странство и денес пак си го вратил. Не сакам да именувам за да не правам дополнителен раздор, самите ќе си се препознаат, донекаде и ги сфаќам, на некои од нив им бил прв медал и мерак им било, ама за тие што не им бил прв треба драконски казни и осуда од целокупната јавност. БХ ловци преку к** сте ми!!!

И така кога ќе го погледнам нашиот двор, и како нашите се однесуваат, ви се чудам на паметот со кој почнавте да го плукате србинот што му го зеде медалот на Струме. На човекот му беше прв, да не му беше јас прв ќе бев што ќе го плукав. Зошто не плукате кога некој странец ќе дојде и ќе излупа во некоја наша важна битка. Да има и кај нив БХ ловци, ама за нив нека си се грижи нивната држава, ние треба нашите да си ги средиме.

Ве запрашувам најискрено, колку тој медал ќе ви вреди ако не вратат на нула или недај Боже ако не окупираат целосно, дали тогаш ќе ви биде сатисфакција ако фатите медалче во некое од востанијата што ќе ги креваме да се ослободиме. Токму тоа е главната поента на мојов текст, ни треба едно добро удирање од земја да изгубиме неколку битки по ред, да ги снема Шиме и Аексил на некое време, па да ве видам тогаш дали ќе бркате медали по други земји или ќе се чувате за наредна битка. Се надевам дека тогаш ќе се опаметиме и ќе престанеме да се удираме во гради додека 2-3-ца ни ги добиваат битките а ние чекаме како мулиња шанса за БХ медал. Мене најголем мерак ќе ми се направи кога ќе ги добиеме на бојното поле, сплотени и пожртвувани. Кога ќе ги почитуваме наредбите и ќе маваме таму каде што е најпотребно, а не таму каде што имаме шанса за медал. Кога на канал ќе се собереме 500 луѓе и кога ќе го срушиме ѕидот во секунда.

Затоа ве замолувам, почитувајте ги наредбите. Почитувајте ги времето и парите што некои ги одвојуваат за сите ние да имаме добра забава и да си ги плескаме гејците. Бидете тимски играч бидејќи ова не е сингл плејер игра. Овде победува тимскиот дух, и покрај огромните штети на тенковите сепак тие се едно големо ништо без поддршката на останатите играчи. Заедно сме посилни, ако се научиме на ред додека се тие тука и двојат пари за играва, ќе имаме ред и дисциплина и кога нив ќе ги нема.

И уште еден совет особено до младите новинари. Мислам дека е редно време да престанете со глупи статии кои величаат поединци на играва или пак зборат за некаква си супериорност на еМакедонија. Со тек на време ќе станеме одбивни и омразени и кај нашите противници меѓутоа и кај нашите сојузници.

Можеби покрај толкав текст ја изгубив поентата на статијава ама јебига морав да си кажам се’ што ми лежи на еДушичкава 🙂

Биди тимски играч, биди еМакедонец!
Да живее Македонија и еМакедонија

Ваш,
Иван Ванчо Македонски