Вицеви, онака за Смеа

Day 1,298, 13:43 Published in North Macedonia United Arab Emirates by TLOSdz

И еве некоклу вицеви од мене:

1.
Евреин доаѓа во продавница за автомобили и го прашува продавачот:
- Колку чини овој автомобил?
- 15000 евра – одговара продавачот
- А колку троши?
- 10 литра на 100 километри
- Многу скапо! А колку чини овој овде?
- 5000 евра и троши 7 литра на 100 километри
- И тој е скап, а колку чини овој?
- 2000 евра, одговара изнервирано продавачот...
- А колку троши?
На продавачот му здодеал евреинот и рекол:
- Една лажичка на 100 километри
Евреинот:
- Лажичка за супа или за кафе?


2.
Разговараат две плавуши:
- Знаеш ли зошто во Кина има толку многу народ?
- Пааа... не знам, кажи ми.
- Затоа што презервативите им се кинески.


3.
Попот го замолил Итар Пејо да ги бојадиса прозорците. После некое време попот прашува:
- Готов ли си бре? Ги бојадиса ли прозорците?
- Да, да. Ми остана малку боја, да ги бојадисам ли и рамките?


4.
Заминале за Африка американски, англиски и македонски цајкани. Се натпреварувале кој попрво ќе фати жирафа.
Отишле американските цајкани и за 15 минути донеле жирафа.
Отишле англиските цајкани и за 10 минути донеле жирафа.
Отишле македонските цајкани и за 5 минути донеле слон, целиот во модрици.
Почнале да се бунат американските и англиските цајкани: Не рековме слон туку жирафа.
А слонот ја подига сурлата и вели: Признавам дека сум жирафа.


5.
Седи пијан маж пред огледало и си зборува:
- Овде сум, а и таму сум.
Ѕвони некој на вратата. Пијаниот прашува:
- Кој е?
- Јас сум.
- И таму сум јас!!!


6.
Еден дедо отишол да си ја земе пензијата. Ја зел, но не се прибрал цела вечер. Утрото бабата нервозно го прашува: - Кај беше!?

- Бев на стриптиз и ја потрошив целата пензија.
Бабата уште понервозно му вика:
- Како не ти е срам. Целата пензија да ја потрошиш за некоја да ти се соблекува. Јас за 50 денари ќе ти се соблечам.
Дедото гледал, гледал и рекол:
- Евтино си е евтино...


7.
Пратиле две кучиња и плавуша во вселената.
Им се јавуваат од Земјата и им кажуваат:
- Шарко
- Ав, ав
- Притисни го црвеното копче
И Шарко го притиснал копчето.

После некое време пак се јавиле од Земјата:
- Мурџо
- Ав, ав
- Притисни го жолтото копче
И Мурџо го притиснал жолтото копче.
Поминало уште некое време и од Замјата пак се јавиле:
- Плавушата
- Ав, ав
- Не лај многу, нахрани ги кучињата и ништо не пипкај.


8.
Попот имал три ќерки. Итар Пејо им го фрлил меракот на сите три и затоа започнал да работи кај попот.
Еден ден попот му рекол:
- Пејо, оди донеси ги трите лопати!
Итар Пејо тоа и го чекал, отишол кај ќерките на попот и им рекол:
- Попот рече сите три да ве е...
- Тоа не е точно, ти лажеш! – извикале збунето трите девојки.
Во тој момент Итар Пејо се свртел и извикал силно:
- Трите ли Дедо Попе?
- Трите Пејо, трите!!!


9.
Отишол Трпе на лекар да се жали:
- Драги докторе, помагај, Перса воопшто не ужива кога ја тртам!
- Ех, мој Трпе, пробај малку да направиш атмосфера... еве, на пример, обиди се да донесеш црнец и нека ве лади со лепеза додека ја тртиш!
Трпе така и направил... Црнецот мавта, Трпе ја трти, а Перса мртва ладна. По некое време станува Трпе и му вика на црнецот:
- Ајде, ти трти ја, а јас ќе ладам!
И’ се качува црнецот на Перса, а таа се мрднува од задоволство. И тогаш Трпе:
- Гледаш ли како се лади, пичка ти мајчина!


10.
Седат два Грка во авион, до прозорецот и на средното седиште. Доаѓа Трпе, седнува до нив, се раскомотува и ги соблекува чевлите. Гркот до прозорецот вели:

- Мислам дека ќе одам по кока-кола.

На тоа Трпе му вели: - Братче, да не се провлекуваш, јас ќе ти донесам.

И додека бил отсутен, едниот Грк му плукнал во чевелот. По пет минути, истата сцена, само со вториот Грк и со другиот чевел. Слетува авионот, а Трпе ги облекува чевлите, се намуртува и вели:

- До кога, бре, оваа омраза, нетрпеливост, плукање во чевлите, мочање во кока-кола



11.
Зошто од сите жени, плавушите имаат најубави нозе?
- кој нема во главата има во нозете.



12.
Младо американско девојче влегува рано сабајле во кујната и гледа полугол маж како седи во ладилникот.

- Господине, вие сте новиот бејбиситер?

- Не, јас сум новиот мадр факр!


13.
Младо девојче го прашува продавачот:

- Колку чини оваа маичка?

Еден бакнеж...

- Супер, ќе ја земам а потоа баба ми ќе плати.



14.
Млад Македонец се жени. Прва брачна ноќ, сопружниците се во спалната, а пред вратата стои таткото да слушне како неговиот син ќе се снајде. По некое време се слуша:
- Татко-о-о-о!
- Кажи сине?
- Не влегува!
- Како не влегува бе сине?
- Не влегува тате, што да правам?
- Сине натопи го во бокалот вино и пак пробај
По некое време загрижениот татко вели:
- Сине што направи? Ќе го засрамиш македонскиот рот...
- Тате... и во бокалот не влегува.


15.
Оди Македонец во книжарница во Атина и ја прашува продавачката:
- Ја имате ли книгата Умниот Грк?
- А таа му вели:
- Фантастиката е на вториот кат.


16.
На посета кај Господ отишле Словенец, Хрват и Македонец. Словенецот прашал: „Боже, кога ќе заврши оваа сиромаштија во Словенија?“, а Господ одговорил: „За 500 години“. Словенецот не можел да запре од плачење поради тоа што нема да го дочека тоа време. Хрватот го поставил истото прашање, а Господ му одговорил за 1.000 години, по што Хрватот се изнаплакал зашто нема да го дочека тоа време. Уште кога влегол Македонецот кај Господ, севишниот почнал да шмрка. „За истото прашање ли си, Македонче?“, го прашал Господ нашиов човек. А кога Македонецот збунето потврдил, Господ почнал да плаче зашто нема да го дочека тоа време.



17.
Се сретнале Грк и Македонец на пирамидите во Египет. Гркот прашал: ти Македонец ли си ??

Македонецот кажал ДА

Колку е малечок светот кажал гркот.

На ова Македонецот му рекол: Да те е... и глупио грк..

Светот не е малечок МАКЕДОНИЈА е голема



18.
Ограбуваат двајца црногорци банка и одат дома и едниот му вика на другиот:- ке ги броиме или ќе чекаме на вести да кажат колку има😃😃



19.
Како се вика на Турски :

Граната - Барут Ќофте

Вилица - Чатал

Бизнисмен - Чалам ефенди

Боксерки ( долна облека ) - Ташак Торба

Компјутер - Акал Сандак

Дебел Човек - Бок Толумба

Филмот ЗОРО - Кара Будала Ефенди

Телевизор - Сеир Сандак

Опозиција - Курназ Сурија

Падобранец - Чаршаф Будала

Студент - Китап Будала

Гинеколог - Ташак Муфтија

Титово Пионерче - Пешкир Шишлеме



20.
Отишол некој Македонец во Англија но знаел само малку Англиски. Изнајмил таму стан но имало многу глувци. Се мислел како да се пожали кај газдата и на крајот му се јавил:
- Hello! - му рекол македонецот
- HELLO! - одговорил газдата
- Том анд Џери! До ју ноу?
- YES! - му одговорил газдата
- Епа Џери!!!!

Тоа е се, е сега ако сакате по една претплата да удрите,
И не знам за вас но јас паднав од смеа додека ги пишував.

За Шаут:
Вицеви, онака за Смеа
http://adf.ly/1lBRg