ВОЛЦИ - ПРИМЕР ЗА МАКЕДОНСКИОТ ВОИН!

Day 1,298, 12:02 Published in North Macedonia USA by specanz

[img][/img] Uploaded with ImageShack.us

Македонските волци се предвесници на новиот бран во Армијата на еМакедонија. Тие се типичен пример за тоа како треба да изгледа македонскиот воин на иднината и во еСветот а посебно на балканот: мотивиран, одговорен, зрел, тимски играч, интелигентен, психички стабилен, доверлив, дисциплиниран и приспособлив, кој секогаш појавува лидерство, другарство, влијателност, правилно расудување, одлучност и бестрашност. Совршено владее со класичните тактики на борбата, но и со најмодерното q5 вооружување . Тие несакаат многу да се зборува за нив. За нив говорат делата. Таму каде што е најтешко, каде за другите е невозможно, секогаш и секаде први се токму тие - eMакедонските волци. Под тоа мото работат, под тоа мото живеат. Македонските волци се всушност обични луѓе од народ, но различни по високообученост и по вербата во себе и во својата сила. Дејствуваат како колектив, сите со подеднакво значење и се е подредено на основната цел: извршување на доверената задача. Македонските волци се eMакедонски воини од нов тип. Максимално подготвени и решителни, дејствуваат стопени со природата. Секој дел од акцијата сеодвива и ништо не се препушта на случајот. Секој предмет го смета и го користи како убиствен. Нив ги краси и нешто многу повеќе: патриотизам, зрелост, доверливост, човечност, тимска работа и дух што плени во изведувањето на секоја акција и во секакви услови. Со својата појава секогаш оставаат впечаток на сигурност, моќ и верба. Припадниците на Единицата се млади и стројни момчиња, избрани врс основа на строга селекција. Располагаат со високи психофизички способности и со осет да се снаоѓаат во секаква ситуација. Кога е во прашање одбраната и сигурноста на земјата ВОЛЦИТЕ СЕ СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ, во првите редови.
И по некоја сликичка
[img][/img]
Uploaded with ImageShack.us
[img][/img]
Uploaded with ImageShack.us