еКапитализам

Day 1,298, 11:33 Published in North Macedonia North Macedonia by alek94

Ама сум се распишал деновиве...чуда чуда,се надминувам себе си. Малце долга статија,али вреди да се чита😛.Иначе,поентата на оваа статија повторно е од економски аспект само овој пат не е кукање за малиот ќар од фирмите,туку е од малце попоучен аспект.Би сакал да пробам да им објаснам на играчите(оние кои ова не го знаат) зошто цените се толку ниски и се во постојан пад.Не сум економист,неам ни средно завршено али ке се потрудам да биде вередостојно и сфатено од пошироката популација.
Повеќето од вас не знаат што е капитализам и зошто е битна врската помеѓу производството и побарувачката на еден одреден производ и како тоа влијае на неговата цена. Што е најинтересно и економијата во ерепублик започнала со социјализам и таа економија ги претрпе истите промени како и економијата во реалниот живот.Во минатото,сите фирми биле во сопственост на организациите, односно играчите не можеле да имаат фирми. Тоа е еквивалентно со социјализам,сите работеле за нив-државата,автоматски све било државна сопственост и побарувачката на пазарот била иста со производството.
Проблемите настанале кога излегла можноста секој граѓанин да има фирма т.е. настанала таканаречена приватизација и еСоцијализмот преминал во еКапитализам. И таквиот капитализам на почетокот не напраил многу промени бидејќи не многу граѓани имале фирми и цените не се смениле нагло.Но,во последно време секој ѓраѓанин си напраи фирми и во моментот кога на пазарот имаше повеќе производи одколку што треба,или поубаво кажано производството ја надмина побарувачката , сите почнаа да гледаат да ги продадат своите производи и тоа е можно единствено со намалување на цените. И тоа така си треаше си траеше и во еден момент ,драгиот админ(знаеме убаво кој) реши на сите да им даде екстра 4 фирми.
Тоа беше првиот тежок удар на светската економија и најголемата грешка според мене ! Со тоа сите почнаа за себе да си произведуваат за себе и автоматски производството нагло се зголеми додека побарувачката нагло се намали.Резултатите на тоа ги гледаме- Q1 лебот од 0.7 МКД пред месец дена,стана околу 0,35.Цената на оружјата исто така падна бидејќи тие што немаа фирми сфатија дека ќар само од оружје може да направат и сите почнаа такви фирми да праат,и со тоа автоматски повторно се соочивме со преголемо производство и истото што се случи со лебот ,се случи и тука.
Следниот и последен удар на економијата се случи вчера со новите промени,и веќе стварно нема што да се прави,мора да се помириме со тоа.Све е толку пореметено и ќар во никој случај нема,од q1 фирмите и слично околу 20 МКД имаме само.Лебот е ненормални 0,1 МКД ! За еден месец цените паднаа ВРТОГЛАВИ 7 пати ! Овој потег на Плато можам да го објаснам само на еден начин и тоа :
Кога цените беа нормални реално можеше од фирмите да се заработи голд.Си работиш во фирми,заработуваш солидна сума и ја продаваш за голд. Моментално,тоа не е можно бидејки многу малце се заработува а во блиска иднина тоа “малце”,ќе стане “ич”. Како? Епа секој ќе почне да си произведува само за себе,никој нема да купува од пазарот и автоматски начин за заработување ќе нема и единствен начин да се дојде до голд(покрај медалите) , ќе биде да се купи голд со евра.
Според мене токму тоа е крајната цел,единствен начин да стигнеме до голд да биде да го отвориме џебот и да фрлиме евра и евра .Пустата алчност на админите ја упропасти играта и стварно не знам што понатаму.
Епа луѓе тоа е,произведувајте си сами за себе,тепајте се у битки и дај да ја шириме Македонија и надвор од еМапата хаха,па нека плаче Плато 🙂-друго нема.
Поздрав и останете ми со 100 здравје.