На што не учи Нутела кремот за јадење...

Day 1,298, 10:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan.97



==================== На што не учи Нутела кремот за јадење... ====================

Текстот е позајмен од Снеже Велкова !!!


Стварно човече апсурден е животот. Пази го случајот со газдата на Нутела киндер и и фереро роше. Цел живот слатко живеел слатко јадел слатко продавал. И пази го, место од шекерна болест ко што е ред да се упокои..Овој се ничкосуе од срцев удар. Нема правда ама ич...Исто како кога у киндер јајце двапати ќе ти се падне иста играчка...

На што не научи кралското венчавање.

Дека Кралицата ја сака и поштуе и Македонија и македонската влада . Не покани ниту еден чоек од Македонија. Не за друго знае оти се у време на избори и оти парите се трошат по отварање на чешми у Арбасанци и ставање камен темелник на јавно wc у Бигла.Па да не се трошат или не дај боже да се брукаат со слика од едикој си сликар или карикатура од Кејт и Вилијам како искачаат од некое долапче...не не викнаа. И ние среќни, и они со порција помалку и Грујо дома и Горѓи на Водно и Чарлс со големи уши...


На што не учат патувањата прку Барата...
Под итно да им се забрани издавање на виза на македонските естрадни фаци, посебно оние што не излегле подалеку од екс Југославија. Не отруја со фотките од Америка и приказните по емисиите. Цитирм „Еве овде гледате сум јас со една цркиња, тоа е исто како нашите роми по боја на кожа“ - затворен цитат. Да де ама место чиче чиче дај 5 денари ти вика Хеј мен!...“Еве тука сум кај една фонтана...Има вода...Тука се сликав со едни рапери колеги мои музичари (свиреле на улица)...Инаку во Америка се е поинаку...Абе дај не зезај.. Њу Јорк е голем, има многу коли, за жал не успеав да сретнам некоја Холивудска ѕвезда ...Хеј мен шат јуар факинг маут!...


Супер е ова со дигиталниве телевизии. Кога мењаш канал увек ти пишува што точно гледаш. Така ти пишуе. Големиот Брат...кога на вести е Латас...Ти пишува Еден на Еден кога Брат Љубе се рашетуе по селата...Ти пишува Кујната на Ана- Билјана Секуловска дебатира со двајца гости...Пишува Идол директен пренос Рада на конвенција со Бранко...Пишува Убавина и здравје ти искача владина кампања. Пишува 100% Евровизија Ти пее Јулија…Ти пишува Фактор страв се појавува Боки 13...Ти пишува Сестри, петорица мажи седат у студио и студиозно дебатираат за лига на шампиони...
Ја за тоа не бев сигурна кога напишаа Вести…и обелоденија дека Бин Ладен е убиен…


Евровизиската победа никад не ни била поблизу... пази победи земја која ретко кој знае каде е на карта, не го знаат вистинското име на земјата, имаа тапа песна и никој не ги сметаше за фаворити. Совршен опис на нашата држава.
Штета...Не зезна насловот на песната и можда курчењето со ферарито...

И за крај екс претседателот на големата Америка Бил Клинтон алијас Моника Левенскис маут, на една конференција у Будва им се обрати на присутните:„И вашата земја Македонија ќе биде успешна“....Ако до сега важеше Македонија до Солун сега идеме на варијантата Македонија до Будва...Наше море си е наше море...


Ве молам Шоутирајте:
На што не учи Нутела кремот за јадење...
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1795507/1/20



© 2010-2011 Vesti from Bojan.97