НЕШТО ПОВЕЌЕ ОКОЛУ НОВИТЕ ПРОМЕНИ!!![MK][EN]

Day 1,297, 13:29 Published in North Macedonia North Macedonia by denimarkovic
НЕШТО ПОВЕЌЕ ОКОЛУ НОВИТЕ ПРОМЕНИ!!



АНГЛИСКАТА ВЕРЗИЈА ТУКА.
ENGLISH VERSION HERE.


Здраво драги еМакедонци и еМакедонки,
Како што може да забележите почнувајќи од денес (ден 1297) во еРепублик има нови промени.Па ајде прво да разгледаме што се се смени на еРеп.

До сега секој имаше дневен лимит од 300 здравје т.е. секој можеше да излечи со лебови 300 здравје. Од сега веќе го нема стандардниот лимит од 300 туку дневниот лимит зависи од нова градба – Градски центар (Town Center).



Притоа како и останатите градби така и оваа има пет нивоа на надградба и вашиот дневен лимит за здравје зависи тоа колку е надградена.За да го надградите вашиот градски центар треба да кликнете на upgrade стрелката веднаш под сликата на градскиот центар.



Следуваат условите кои е потребно да се исполнат за надоградба на градскиот центар како и дневниот лимит за истите.


поголема слика ТУКА.

Сите играчи со ниво на работна способност поголемо од 4 добија по еден Градски центар во зависност од нивната работна способност (work skill).Па така играчите со ниво на работна способност 5-7 добија Q2 градски центар, оние со ниво на работна способност 8-10 Q3 градски центар, оние со ниво 11,12 и 13 - Q4 градски центар и оние со ниво на работна способност 14 добија Q5 градски центар



Покрај ова новост е и уште една градба – специјална куќа која дополнително го зголемува дневниот лимит.Постојат два типа на ваква куќа – една која го зголемува лимитот за 50 и друга која го зголемува за 100.Повторно кој од овие типови ќе се добие зависеше од работната способност. Играчите со ниво помало од 9 воопшто не добија ваква куќа, оние со ниво 9-12 добија куќа што го зголемува лимитот за 50 а оние со ниво 13 и 14 добија куќа што го зголемува лимитот за 100

Куќата што го зголемува лимитот за 50:


Куќата што го зголемува лимитот за 100:


Со новите правила дневниот лимит за лечење ќе биде во опсегот помеѓу 100 (за играчите почетници) и 600 (за оние кои имаа Guru****😉.

Дополнително Плато ни подели и по некое чоколадце за да не почасти за промените:



Бидејќи имаше повеќе новости/подароци еве ви сумарно што се се добива (и во која количина) за секој од нивоата на работна способност:



Е сега неколку пати го спомнавме нивото на работна способност. До сега со секое работење се добивање економски поени кои го зголемуваа нивото а со тоа и продуктивноста на играчот. Отсега работната способност веќе не постои т.е. продуктивноста на играчот ќе зависи само од националните бонуси за бројот на ресурси кои ги поседува државата.



Покрај ова новост е и зголемувањето на продуктивноста на играчите за сите градби . Продуктивноста е зголемена за 150%
и кај градбите за производство на суровини:




Но и кај фабриките за производство на леб и оружје:




Покрај овие поголемиве има и неколку помали (и помалку значајни) промени.

Има мала измена на профилот на секој играч и тоа:
Повеќе не се гледа државјанството на играчот (тоа се смета за приватна информација) како и неговото моментално здравје.
Валутите од кои имате помалку од 1.00 нема да се прикажуваат во делот од левата страна на профилот каде се прикажуваат валутите
Компаниите на играчот повеќе не се прикажани во левиот дел од профилот како што беа претходно
Доколку кликнете на вашиот воен чин(ранг) се отвара ерепублик wiki страницата за информации за воените чинови на која може да видите колку ранг поени ви требаат за секој од воените чинови
ИМА И УШТЕ ЕДЕН БАГ,КОЈ ГО ОТКРИВ ДОДЕКА ЈА ПИШУВАВ СТАТИЈАТА – СИТЕ ИГРАЧИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД НЕКОЈА ВОЕНА ЕДИНИЦА ИМ ПИШУВА ДЕКА СЕ ЛИДЕРИ НА ТАА ЕДИНИЦА ПРОВЕРЕТЕ СИ ТИЕ ШТО СТЕ ПО ЕДИНИЦИ И ПОПРАВЕТЕ МЕ АКО ГРЕШАМ - ПА ЧЕСТИТО ЛИДЕРСТВО НА СИТЕ 🙂 🙂
***EDIT*** ОВА Е ПОПРАВЕНО 🙂

Е сега малку за последиците од овие промени.
Прво ќе кажам дека ова се само мои лични ставови – а јас не сум економист туку ИТ студент ама сепак..
Воведувањето на градскиот центар мислам дека е добра работа особено за држави како нашата – која има голема популација од активни играчи.Така сигурно ќе имаме подобри резултати во војните – иако и не ни се потребни како што се гледа од моменталната ситуација 😛
На новите играчи (еБебињата) можеби ќе им биде малку досадно од почеток и побавно ќе напредуваат, со оглед на тоа што дневниот лимит ќе им биде 100, ама па ќе имаат мотив за напредување за да си го надоградат градскиот центар и со тоа да го зголемат дневниот лимит.
За специјалните куќи за здравје (+50/100 лимит) нема што многу да се зборува – секое зголемување на лимитот е добредојдено.
Е сега околу продуктивноста.Како што гледаме во последно време админите се прават да ја зголемат продуктивноста (пр. подарувањето на три ниви и една фабрика за леб q1 на секој). Ова иако можеби на прв поглед мислам дека не е така.Како поминува времето така цените на маркет паѓаат вртоглаво и да не се ботовите ќе паѓаат уште повеќе.Сега секој веќе има барем по една ,две фабрики па и нема потреба од купување на леб (а некои ни оружје).Така мое лично мислење е дека админите ова го прават со цел парите да немаат никаква вредност, т.е. кога ќе има секој свое производство – нема да се купува од маркет и вредноста на валутата ќе се намалува (зашто на никој нема да му требаат пари – си има свое производство) – па така се во играва ќе се врти околу виртуелното злато кое ќе треба да се купува со вистински пари – а тоа е и целта на админите.Мислам дека така играва ќе ја напуштат поголем број играчи поради фактот што нема секој пари (или не му се дава) за купување на злато.Останува да почекаме и да видиме што ќе се случи.
За ова економсково на крај незнам дали е вака ама ми има некоја логика
Поздрав до сите еМакедонци и останати,
Останете ми со 100 еЗдравје 😉,
Ваш denimarkovic

Ве замолувам сите за еден sub vote a и shout нема да биде на одмет.
Коментарите се добродојдени 🙂

ЗА SHOUT:
НЕШТО ПОВЕЌЕ ОКОЛУ НОВИТЕ ПРОМЕНИ!!![MK][EN]
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1794798/1/20


ДОПОЛНУВАЊЕ:
НА СЕКОЈ ШТО ЌЕ SHOUT-УВА ДАВАМ РАНДОМ ПОКЛОН ОД Q1 ЛЕБ ДО Q5 ТЕНКОВИ 🙂