Економска Криза на еРепублик

Day 1,294, 11:14 Published in North Macedonia North Macedonia by BakjorMK


Како што знаеме главните виновници за економските промени се Админите кои се единствените што ракуваат со монетарните инструменти во играта. Имено, главна цел им е да го земат нашето злато на начин со кој што ќе не залажат со нови промени односно воведување на нови фирми а со тоа ни го пореметуваат целиот иден бизнис план.

Пред неколку месеци се боревме за житари, железари, оружари, лебари...но се
од тоа пропадна со еден потег на админите кои ни ја одзедоа вредноста на фирмите
односно воведоа нови за кои мора да платиш 35 голд ако сакаш да оствариш профит, а од друга страна неможеш да се ослободиш од старите фирми за кои си дал 10 голд а сега вредат 5. Тоа не е се! Потребни ви се уште 35 голд за магацин поради тоа што нема каде да ги складирате производите од вработените. Сепак поради хипер производството, и со магацин од 35 голд нема да го решите проблемот со складирањето. Се трупаат производи на залиха поради зголемената понуда, поради тоа се намалуваат цените и фактички Админите не зае**ле гадно.

Би ви препорачал да не брзате, да зачекате да сватат админите каде згрешиле и да сменат нешто затоа што со ваков економски систем само проблеми излегуваат.