Лозинката на нашата Македонска лоза

Day 1,294, 06:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Anajlib Macedonia

Сте се запрашале ли некогаш што значи да си вистински храбар и славен Македонец. И да сте размислувале на темава и да не сте , од мене денеска ќе дознаете што кажале нашите предци за ова погоре поставено прашање.

Архелај (прадедото на Филип 2 Македонски) рекол: ,,Направи добро ако сакаш да бидеш Македонец. Во тоа е суштината на нашиот голем величествен и благороден македонски дух.`` Токму овие зборови се лозинката на македонското во сите нас.

Херакле пак исто прадедо на Филип зборувал за непријателите 🙂
,, Не си победник ако го уништиш непријателот , туку да го победиш во една рамноправна битка, очи в очи, вешто умно и мудро, а не од зад грб итро лукаво и подло, и откако ќе го совладаш да се потрудиш да го направиш пријател, да те цени и да те почитува. Тогаш си ти победител.``

За ова би рекла дека има непријатели со кои можеш да постапиш баш вака ќе ги набројам тука како пример Турците кои сега ни се пријатели и не ценат , но има и непријатели со кои е грешка да постапуваш токму вака како што е кажано, тоа се сите знаеме кои Грците и Бугарите на кои секогаш ќе им бидеме трн во очи.
А за нашите вечни непријатели ќе споделам со вас еден пример да знаете зошто не мразат толку 🙂
,, Еднаш уште тогаш во една жолчна расправија во редок миг на искреност Исократ му рекол на Демостен: Запри, застани пријателе не е крива Македонија, не се криви Македонците , не е крив Филип , криви сме ние што сме вакви никакви``


Како за крај еве како се опишани Македонците низ историјата :
Одсекогаш Македонците се одликувале со висок морал, со борбен дух, со чесен збор , со добро срце, со широка и благородна душа и со голема верба во Бога.