Натпреварот Македонија-Ирска

Day 1,292, 17:38 Published in North Macedonia North Macedonia by iTard

Па сите знаат за денешниот фудбалски натпревар со Ирска,и многумина од вас можеби биле во новиот стадион "Филип II Македонски" за да го проследат натпреварот во живо.

Бев и морам да признаам дека е прекрасен стадионот.Однадвор е премногу добро направено.На влезот голем видео екран на кој ги покажуваше влезовите и тимовите кој играат.Пред влезот беше малку тутканица,ама поминавме некако.Неможам да ви го доловам чуството во стадионот.Се беше одлично,веднаш можеше столче да се најде,бидејки тие си беа резервирани.Многу е убава глетката да се видат 30,000 луѓе на едно место како навиваат за својот тим.


Почна натпреварот,викања од трибините,пеење,ракоплескање,се додека не го примивме првиот гол,се стиша атмосферата,примивме уште еден гол,почнаа викања од трибините "Оди си Јонус".Заврши прво полувреме,петнаесет минути пауза,престана викотниците.


Почна и второто полувреме,во кое сите повеќе гледаа во публиката отколку на теренот.Можеби не ќе беше така ако Македонскиот тим покажеше интерес да поигра малку.Лицата на македонските играчи им беа како да сакаат натпреварот да заврши што побрзо,а да не зборам за начинот на игра.Два-три пати топката им ја подадовме на Ирците,утнавме пенал,голманот незнаеше во кој свет е,тренерот па мува не го лази.Само навивачите го правеа натпреварот интересен.Заврши натпреварот,излегоа играчите,излегоа навивачите.Можеби научивме нешто од ова,но кој знае.