Претседател како Струмјанин и за нашата вистинска Македонија !!!

Day 1,292, 15:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Anajlib Macedonia
Би сакала и во реланиот живот некој претседател на Македонија, да ме расплаче како што успеа Струмјанин, со неговата последна статија како Претседател на еМакедонија.

Сакав историски важна тема за која ќе можам да ја напишам мојата прва статија. Како што веќе погодувате од насловот и првата реченица која веќе ја прочитавте мојата прва статија ја посветувам на првиот и најдобар Македонски претседател на еМакедонија Струмјанин.

Велат дека “Без комуникација неможе да постои ниедно општество, ниту пак може да се конституираат и одржуваат општествените структури.” Ова е една мисла која што кажува многу особено за карактерот на нашиот Претседател Струмјанин, без комуникациските квалитети кои што се една од најдобрите работи кои ги поседува Стријнин не верувам дека еМакедонија ќе стигнеше до ова место, на кое што се наоѓа. Се разбира тука можам да ги додадам : желбата и љубовта кон Македонија ( кои се најважни ).

Меѓутоа да се изгради едно така добро организирано општество баш како што е денес нашата еМакедонија е голем предизвик, потребно е постојано договорање, комуницирање, споделување на идеи и нивно спроведување, размислување за многу теми..... Едноставо оваа еМакеоднија е многу слична на сите оние работи кои се применуваат и во вистинските држави (самото тоа се гледа од сите министерства кои што ги содржи нашата eMакедонија, сите амабасадори, сите добри економисти и сите добри бебиња кои прераснуваат во храбри македонски борци). Гледајќи го начинот на кој младите на Република Макеоднија се носат со oдговорностите на оваа игра знам што ја чека во иднина и нашава Македонија и сум горда што сум во овој склоп и оваа секојдневна дружба со мои истомисленици, кои го сакаат само доброто за еМакеоднија и Македонија.


Струмјани секогаш ќе биде првиот ,кој вложи многу труд и премногу ќе ни недостасуваш.( те чекаме да ни се вратиш од одморот )

А за наредниот кандидат кој ќе биде избран утре предложувам да ја прочита статијава, да го извлече најдоброто од неа и да го примени во својот мандат.

Ние Македонци се надеваме дека ќе добиеме нов Претседател кој ќе може да ги сноси одговорностите кои ги носи оваа функција и кој ќе се бори за доброто на еМакедонија.