Предизборен молк

Day 1,291, 14:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Nenad Komitata

Како што знаете ноќеска започнува предизборниот молк.

Сигурно си мислите дека тука ќе започнам да пишувам за било која опција односно вмровска или сдсмовска. Е нема 🙂. Иако јас искрено ќе кажам дека бев активен во изборниот процес но нема да кажам за чија страна бев( не се обидувајте да погаѓате зошто може да погодите но и не сепак темата во оваа статија не е тоа).

Сепак сакам да изразам една висока култура која владее помеѓу сите играчи на еРепублика. Иако се наоѓаме можеби во најтензичните избори кои некогаш се случувале во Македонија сепак тука успеавме сите да се воздржиме и да си го гледаме само еМакедонскиот интерес. Мене особено ми е мило што сите обиди за полтизирање на играва се спречени во корен.

Ова наше однесување најверојатно не спречи да се испокараме помеѓу себе да му веруваме на нашиот еПрецедател и конечно да го имаме овој неверојатен успех на Емакедонија во играва.

За ваков успех сме заслужни сите играчи со нашата дисциплина и посветеност за развивање на играва направивме Емакедонија да биде не еДржава туку еИмперија. Денеска ретко кој сака да влезе во војна со нас ако не е приморан од големите алијанси. Грците по речиси полугодишна пинг понг војна со еТурција ја турнавме на колена, еИталија веќе не се ни надева дека некогаш ќе си ја поврати својата територија. Нашата е државичка која е една од најновите во играва успеа она кое не го успеале многу посилни и појаки еДржави.
Поради сите ови факти еМакедонци да бидеме горди на она кое што успеавме да го оствариме виртуелно и да се надеваме дека нашите политичари од РЖ некој ден ќе дојдат и ќе ги согледаат основите врз кои ја изградивме нашата еМакедонска имерија.

Да живее Македонија да живее Емакедонија.

И секако за секој shout и претплата ќе ви бидам благодарен.