Неколку вицови за добро расположение

Day 1,290, 16:01 Published in North Macedonia North Macedonia by FicSk



Поздрав!

Еве решив да напишан неколку вицови само за добро расположение на сите 🙂


Виц 1:

Крај на учебната година, детето се враќа среќно дома и му вели на татко му:

- Имаш среќа тате!
- Зошто?
- Другите родители ќе им купуваат нови учебници на децата, а јас ќе учам со иститие и следната година!

Виц 2:

Оптимист и песимист се наоѓаат во лоша состојба:
Песимист: - полошо од ова не може да биде!
Оптимист: - аааа, може, може...

Виц 3:

Влегува пациент и се жали:
- Докторе, многу заборавам.
Докторот ја зема тетратката и пенкалото и го прашува пациентот:
- Од кога?
- Што од кога!?

Виц 4:

Професор прашува студент:
- Кој е омилениот одговор на студентите?
- Не знам!?
- Точен одговор.

Виц 5 :

На интервју за полицајци, комисијата прашува еден од кандидатите:
- Колку се два и два?
- Дваесет и два.
- Молам?! Колку се два и два?
- Дваесет и два!
- Ќе го примиме, упорен е.

Виц 6 :

Натпревар во бокс, едниот боксер нокаудиран и судијата одбројува дали ќе стане, а од публика се слуша еден глас од стара баба:
- Нема да стане, го знам јас од автобус.




ајде поздрав , Filipc0MKD
🙂