ПОД ИТНО ДА СЕ ПОКАЧАТ ЦЕНИТЕ ВО МАРКЕТОТ !!!

Day 1,290, 12:25 Published in North Macedonia North Macedonia by Macedonian Warrior MKD

Драги мои е-Македонци. Ова што се случува моментално со цените во маркетот е апсурд. А за тоа самите сме си криви.

Сакам да ви поставам неколку прашања.

Зошто ставате толку ниски цени ?

Зошто сте толку нестрпливи и неможејќи да чекате да ви се продадат продуктите ставате неприфатливо ниски цени ?

Дали знаете дека продавајќи ги продуктите по овие цени само губите а ништо не добивате ?

Дали знаете дека секоја лебара, фабрика за оружје работи со загуба само поради ниските цени што ги ставате (од прилика по 20 денари за секој вработен) ? (тука имате точна пресметка колку се влегува во загуба од еден вработен во q1 пекара )

Економијата во e-republik функционира по оној модел од реалноста. Епа ајде кажете ми во реалноста кој паметен човек е спремен да отвори фабрика, да вработи луѓе, да произведува и секој ден свесно да влегува во загуба.

Јас веќе не вработувам луѓе а не сум единствениот. Секој ден се зголемува бројот на играчите што се освестуваат и ги отпуштаат вработените за да не влегуваат во загуба.

Крајно време е да го ставите прстот на чело и да си речете. Абе чекај зошто продавам јас кога со секој продаден леб, пиштол влегувам во загуба ?

Знам дека од многумина ќе бидам искритикуван од некои можеби и поддржан ама само едно е јасно. ОВА ГО ПИШУВАМ СО НАЈДОБРА НАМЕРА.

Од мене толку и ОСВЕСТЕТЕ СЕ ДРАГИ МОИ е-Продавачи 😉