Погрешен човек на системско место може да нанесе штета поголема од армија

Day 1,290, 06:00 Published in North Macedonia North Macedonia by erep na qrac

Во вчерашната статија, Апулија против Апулија, многу од случувањата во Апулија станаа видливи за просечното играчко око. Нешто дополнително излезе на површина денес во српската штампа. Претседателската статија на Igor Elez, како и статијата на purebg која фрла дополнителна светлина на настаните. Сумирано од насловот, погрешен човек на системско место може да нанесе поголема штета од една противничка армија.

еМакедонија осамна со три ресурси помалку, но поголемата штета е што се најде во стратегиски подредена положба и со загубана иницијатива. Со загубата на регионот Апулија шансите за успешен поморски десант на еХрватска драстично се зголемени. еХрватска на своја страна ќе ги има MPP-ата додека на условно италијанската страна може да се обидат да контрираат сојузничките ONE тенкови и елитните армиски единици.

Извесно е дека привичниот план не ја содржеше исклучиво тактичката варијанта на времено одложување на војната со еХрватска, ниту овој пат не се одземаа италијански MPP-а, туку затворање на можноста за еХватски продор кон Апенините со премземање на јадранскиот мост од страна на еСрбија и нивно добивање на дополнителниот ресурс на диносауруска нафта од Моли_се. Она што исто така е извесно околу сета оваа состојба е дека постои одредена координација во ONE алијанста, не би се впуштал сега во лична оценка колкава и каква е таа координација.

Апулија за еМакедонија е битна заради врската помеѓу оригиналните региони, како и оние освоените на југ, со апенинските каде се наоѓа нашиот главен град. Пред еМакедонија се исправени три опции, секоја од опциите со свои предности и свои опасности. И секако, секоја од опциите побарува дејствувачка ONE координација како компромис меѓу желбите и можностите на сите земји членки.

1. Задржување во посед на Апулија и со тоа врската помеѓу сите региони на Macedonie Impervum

2. Прекината врска и задржување на главниот град на Апенините

3. Прекината врска и префрлање на главниот град во некој оригинален регион

Околу првата опција не би коментирал нешто особено. Се подразбира дека тоа е најдобрата опција и дека желбите и стремежите на еМакедонците се за оваа опција. Останува проценката на раководството за нашите реални можности и усогласувањето со сојузничките потреби и можности.

Бидејќи моментално е прекината врската преку Апулија кратко ќе ги предочам генералните правци од преостанатите две опции. Втората опција би изискувала надоместување на загубата во ресурси (жито, железо и алуминиум). Најлогично ми се чини изгласување на еШвацарија за ПН и окупирање на двата моментално слободните нивни региони. Врскта со еСловенија би се загубила, со тоа и апетитите. Паршање на време кога регионот со железо би паднал во наши раце. Дополнително се смешка еден австриски регион со елени кој сега е без словачка врска со главниот град и без никаков бенефит за нив. Вториот веројатно би го задоволил еУнгарскиот апетит за дивеч.еМакедонија би имала 7/10 ресурси, што е задоволувачки и прифатлив ресусен оптимум.



Третата опција подразбира македонски туристички и престижен посед на апенински региони. Нашето внимание и дејност на подолг рок, ако не и трајно, би се сконцентрирале на југ. Максимално реалниот ресурсен капацитет е 8/10 ресурси со тоа што би требало трајно да ја окупираме еГрција и да постигнеме одреден договор со еЕгипет и еСаудиска Арабија.