„Цутот“ на нашата ЕКОНИМИЈА

Day 1,290, 03:14 Published in North Macedonia North Macedonia by JackyMK

Морам да го изразам своето незадоволство. Последните 2-3 недели имаме катастрофална економија. Не ти се исплаќа сам да си работиш, а нели пак да вработуваш работници.
Ваквата економија е резултат на нестрпливоста на луѓето. Сите оние што произведуваат сакаат веднаш да го продадат својот произво. Ставаат цена за 0.01 денар пониска од најниската со надеж дека бргу ќе продадат. По нив веднаш уште 5-6 души намалуваат цена за 0.01, по нив уште толку и се така...
Лебот Q2(ќе го земам ајде за пример) беше 1.29МКД. Житото(материјалите) за лебот беа 0.25 или 0.26 сеедено.
Ако работник со 3 економско ниво прави 76леба и зема плата 43 - 44МКД, тоа е убава заработка.
*76 леба се 152жито.
*152 жито се 38МКД.
*Платата е 44МКД.
*76 леба се 98МКД.
*98-44(плата)-38(жито)=16
*16 МКД заработка.


Но така беше пред некое време.
Ајде сега да ги согледаме како стојат работите.
Q2 лебот е 0.58МКД. Платата останала иста. Житото е 0.19 .
*76 леба сега се 44МКД.
*Патата е 44МКД.
*152 жито е 28/29МКД
*29 МКД загуба.


И што добивте од брзото продавање на лебот? Многу малку сфаќаат ама тоа е проблемот во нашата еДржава. Нема што да се расправам. Тоа е тоа.

Ваш, JackyMK