Прво официјално обраќање на Груев Македонски до еМакедонската јавност

Day 1,289, 03:45 Published in North Macedonia North Macedonia by GruevTheMacedonian

Почитувани сограѓани на еМакедонија, нашата и ваша партија Македонска Фаланга, полека но сигурно застанува на сигурни нозе. Партијата постои веќе три месеци, при што досега преку истата во конгресот на еМакедонија влегоа двајца кандидати.
До сега Македонска Фаланга дејствуваше од позадина на веќе моќните политички партии во еМакедонија, НО отсега па натаму нашата цел е јасна:

Издигнување на Партијата во врвот на еМакедонската политичка сцена и конечно владеење на самиот народ.

Менталитетот на македонскиот народ е добро познат надалеку. Сите ја знаат македонската дарежливост, љубезност, гостопримност, но сите го знаат и македонскиот патриотизам и желбата на секој македонски граѓанин за подобро утре, за подобра еМакедонија од оваа денес, за Македонија во своите етнички, оригинални граници. Во реалниот живот сепак далеку сме од тој сон, но затоа тоа и тоа како e остварливо тука, во овој наш виртуелен соживот.

Нашата и ваша политичка партија Македонска Фаланга се стреми токму кон тој сон, кон сонот на секој еГраѓанин на еМакедонија.

Програмските теми за кои ќе се залага нашата и ваша партија Македонска Фаланга се следниве:

1.Зајакнување на економијата во еМакедонија
- Брз развој на Економијата
- Минимална и максимална цена на ресурсите и готовите производи
- Обезбедување на однапред определен буџет во НБМ
- Јавно трошење на државите средства
- Помош околу работењето со мали, средни и големи фирми
- Зајакнување на економската положба на обичниот еГраѓанин
- Неделен отчет за државните расходи и транспарентност во буџетското раководење


2.Развој на Македонската Армија и обичните граѓани
- Однапред определен буџет на АРМ и воените единици (во зависност од воената ситуација) со јавен приказ која единица колку добила и за каде биле наменети средствата. Aко се увиди дека се злоупотребени средствата ке има соодветни санкции на истите а за најверните единици јавни пофалби и награди;
- Однапред определен буџет за еГраѓаните - цивили (за време на воена ситуација) со јавен приказ.

3.Зајакнување на надворешната и внатрешната политика
А) Надворешна политика
Со зајакнување на надворешната политика, би се зајакнало и влијанието на еМакедонија на светската политичка и воена сцена. Преку поголемо влијание, до полесно и побрзо остварливи цели за еМакедонија и еМакедонските граѓани;
- Амбасадори во земјите со кои имаме склучено МПП, но и во останатите држави кои значат нешто во еСветот;
- Редовна координација и ажурирање на амбасадорските должности
- Зајакнување на комуникацијата со останатите држави преку остварување на нови пријателства, како и продлабочување на сегашните.

Б) Внатрешна политика
- Внатрешната политика е многу важна, секој закон мора да биде дискутиран во конгрес, а без дискусија нема да може да се изгласа истиот (со што ке се стави крај на безмислените закони кои што се пуштаат во корист на малку а на штета на голем број еМакедонци)
- Координирани состаноци помеѓу владата и конгресот со тоа што ке ја наметнеме моќта на конгресот сепак тие се колектив кој одлучува колку пари има државната каса со што ќе ја намалиме безусловната моќ на претседателот, сите одлуки на министерствата мора да поминат на конгрес преку заедничка дискусија;
- Постојана контрола, надзор и координација на сите министерства, со цел подобрување на функционалноста и активноста на секое министерство;
- Соработка меѓу сите партии зашто пред се сите ние сме тука за подобра еМакедонија, а не за личен интерес, секој поединец кој што ке се увиде дека работи против државата и ќе се докаже истото ке биде јавно прозван пред целокупната македонска јавност.

Од вас жителите на еМакедонија, ако ја подржувате нацрт програмата на партијата и сакате истата програма да се спроведе, бараме ваша безусловна поддршка со ваше приклучување во македонска фаланга и ваше присуство на официјалниот канал на ризон на нашата партија #phalan😜arty каде што е дозволено присуство на секој кој има идеја за подобра. Сите сте добродојдени, отворени сме на различни идеи и размислувања од секого.Ja oчекуваме вашата масовна поддршка и ако истата ја добиеме ветуваме ветуваме дека ќе се стремиме еМакедонија да ја направиме непобедлива, верна кон сојузниците и крајно сурова кон непријателите ! ! !

Линк од нашата партија
http://www.erepublik.com/en/party/emacedonian-phalanx--3528/1

Линк од официјалниот чат канал на нашата партија
http://03.chat.mibbit.com/?server=Rizon.MiBBit.org&channel=%23phalanx-party

Партијата Македонска Фаланга се залага за единство, проспреритет, еднаквост и транспарентност. Придружете ни се и помогнете да ја издигнеме еМакедонија на ниво на кое заслужува да биде НАЈДОБРА МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ!

Да За Македонија за да се промовира оваа конструктивна мисла и да се помогне во овие тешки воени времиња GruevTheMacedonian дели 1000 лебчинја Q2 по три за секој v+s+s

Срдечно ваши
GruevTheMacedonian и неговите политички советници Xgardion Jovicaaa Ninja