Спасување на индустријата за Храна

Day 1,289, 00:10 Published in North Macedonia North Macedonia by inSertCoiNoW

Најпрвин здраво на сите. Ќе се обидам да бидам што пократок можам.

Ги повикувам сите надлежни (претседателот Струме и конгресмените) да ги намалат даноците за храна на највеќе 3%.

Ова произлегува од фактот што индустријата за Храна доби тежок удар а воедно беше и обесправена во однос на индустријата за Оружје.

Имено со доделување на бесплатни пекари и фарми на секој играч хиперпродукцијата наместо да биде решена, беше дуплирана.
Секој играч од пред неколку дена може да си произведе храна за покривање на најмалку половина од максимално потребната храна.

Цените на лебот паѓаат драстично. Затоа ги замолувам и повикувам сите надлежни ова обесправување на индустријата за Храна да го намалат со помали даноци во однос на другите индустрии.