Анализа: Моментална воена ситуација во Македонија.

Day 1,282, 17:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Vasko Ivanov

Како што сите знаеме Србија и Хрватска склучија мир кој би требало да траа 3 месеси ако и двете страни се придржуваат до договорот. Според договорот Србија ја добива цела Босна без Брчко, а Хрватска го добива регионот Прекмурје од Словенија и се обврзува де ги почитува територијалните интегритети на Црна Гора и Словенија т.е да не ги напајѓа.



Зошто го пишувам сето ова? Бидејќи сега кога Хрватите ќе бидат растеретени од нивната "пинг понг" војна со Србија логично е нивната штета (influence) да ја насочат кон проширување на нивната едржава и освојување на нови територии со ресурси што и недостигаат. Е сега каде е тука проблемот? Проблемот е што изгледа дека Хрватите од 3-те нивните можни патеки за ширење: Словачка, Унгарија и Македонија се решија токму за Македонија и нашите територии на Апенинскиот полуостров.



Италија чиј што единстен регион е Апулија веќе предложи закон за прогласување за природен непријател на Хрватска со што би и отворила пат на Хрватите на Апенинскиот полуостров и граница со нас и можност да не прогласат за природен непријател со што би ни отвориле на нас и трет фронт после Грчкиот и Италијанскиот.
Единстено добро во оваа ситуација е тоа што Хрватите веќе ја имат прогласено Словенија за природен непријател и неможат да не прогласат нас уште 6 дена или додека не ја избришат Словенија од мапата за што неверувам дека би се одлучиле бидејќи така би го прекршиле мировниот договор со Србија.
Како да ја спречиме оваа ситуација? Сите ние прво би помислиле на тоа Србија да ја освои Апулија од Италија и да го спречи походот на Хрватска кон нас, но тоа е неостварливо бидејќи Србија веќе ја има прогласено Босна за природен непријател и не е во можност да прогласи друг природен непријател уште 6 дена или додека не ја избрише Босна од мапата што исто така не е можно бидејќи би го прекршила мировниот договор со Хрватска со кој се обврзува Брчко да остане Босанска територија. Затоа единствено логично решение кое ни преостанува е откако после изборите Србија ќе почне да и ги враќа Црногорските природни региони на Црна Гора прво да и го врати Montenegrin Coast, и веднаш штом Црна Гора се врати на мапата ние да потпишеме MPP со нив и тие да ја предложат Италија за природен непријател. Со наша помош преку MPP-то Црна Гора да ја освои Апулија со што ние би го спречиле Хрватскиот напад на нас бидејќи ако тие је нападнат Црна Гора би го прекршиле мировниот договор со Србија, а и Црна Гора ке добие една територија повеќе.



По спречувањето на 3-тиот можен фронт целесно можеме да се посветиме на бришењето на Грција од мапата.