Македонец и Грк на Појадок

Day 1,280, 05:10 Published in North Macedonia North Macedonia by ReSSencanec

Си седел македонец во некој локал во Битола...
...и си појадувал тост со маргарин и мармалад кога до него седнал грк кој џвакал мастика.
Македонецот го игнорирал, но гркот почнал муабет:
- Еј, вие тука јадете цел леб за појадок?
- Да.
Гркот направил балонче со мастиката и гордо продолжил:

- Ние не. Јадeме само пола. Останатото го фрламе во корпи за рециклирање и после ви го пуштаме тука во форма на леб за тост.
Македонецот си поќутел. Но, гркот упорен продолжил:
- Вие тука го јадeте целиот мармалад?
- Да. – рекол македонецот.
- Ние не. Ние во Грција јадеме свежо овошје. Сите остатоци ги фрламе во канти за рециклирање и ви ги пуштаме тука во форма на мармалад.
На македонецот му пукнал филмот и го прашал гркот:
- Вие е*eте долу во Грција?
- Па се разбира. – рекол гркот.
- И што им правите на кондомите по сексот? – прашал македонецот
- Па ги фрламе, нормално. – одговорил гркот.

На тоа Македонецот му рекол:

- Ние не! Тука во Македонија ги фрламе во корпа, ги рециклираме и после ви ги пуштаме во Грција во форма на мастики. 😃