Решение : Интернационална Соработка

Day 1,279, 08:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Livinglegend1100

Ова е превод од статијата на depici




Здраво луѓе.

Во последните 24 часа ми беа избришани две статии, затворени 2 теми, и добив 2 казнени поени само затоа што имав храброст да ги напишам сите наши разочарувања! Благодарам админи, ги применувате законите одлично и во точно време! Се надевам дека ќе бидете така чувствителни и за проблемите на граѓаните.

Плато рече дека сум дејствувал против законите на Ерепублик и затоа треба да бидам казнет, и ме предупреди за последен пат. Респект!
Па, претпоставувам дека наскоро ќе ме банираат, затоа што има режим кој ги цензурира и казнува играчите без претходен контакт, дури и оние кои се залагаат за доброто на играта.

Веќе нема да се расправам и да објаснувам затоа што не сакам и оваа статија да ми биде избришана, но можам да ви кажам дека се предомислив и дека ќе бидам вклучен во целиот процес од самиот почеток после овој нечесен третман против мене! Можете да ме додадете за пријател, и да ми ги напишете вашите идеи.

Еве го бројот на гласови на статијата во која се повикува на обединување против неправдата!

http://i53.tinypic.com/2uzt6af.jp

Луѓе, треба да организираме интернационален состанок што побрзо, со претставници од сите земји( по можност и претседателите) и тенковите( кои се главен извор на пари) да се обединиме и да разговараме за тоа како да ги решиме овие проблеми и како да ја унапредиме играта за да можеме да уживаме во истата! Ако верувате во тоа, можеме да го направиме тоа. Се е на вас.

Ова не е предлог или feedback, ова се само мои мисли како новинар. Претпоставувам дека сите имаме слобода на говор овде! И да го напишам ова на форум, админите ќе го затворат, исто како претходните две. Значи, или направете место каде можеме да ве критикуваме, или не ги бришете ваквите статии! Се надевам дека дискусијата со другите играчи за иднината на оваа игра не е против правилата!


Линк до оригиналната статија