Кандидатура за конгресмен

Day 1,279, 04:51 Published in North Macedonia Bulgaria by Mitko Makedonecot

Поздрав до сите еМакедонци и еМакедонки.Во продолжение ќе ви ја претставам мојата кандидатура за конгресмен за регионот Аоста Вали (Aosta Valley).

Јас сум Митко, 34 години од Кавадарци.По професија сум економист, мрежен администратор и сервисер.Мојот роденден во еРепублик е 16 јануари 2011, член сум на советот на Македонска Фаланга и по играње од скоро 120 денови решив да навлезам подлабоко во политичките води, со цел да и помогнам на еМакедонија и на целото еМакедонско општество.

Едно нешто кое како забелешка го имам на функционирањето на когресот е преголемата политизација и гледањето пред се на личните интереси на когресмените, па на интересите на матичната партија и на крај (доколку остане време за тоа) интересите на еМакедонија.
Отсекогаш сум тврдел дека ова е игра со виртуелни пари, виртуелни функции, каде што може да се покажеме како "вистински" патриоти седејќи во комфорот на сопствениот дом и покажувајќи сила и солејќи памет од дистанца.

ПА ЗОШТО ДА НЕ ЈА ИСКОРИСТИМЕ ТАА МОЖНОСТ И СИТЕ ДА ПОМОГНЕМЕ ЗА ПОДОБРА еМАКЕДОНИЈА

Ова се моите основни постулати кои секој вистиснки Mакедонец би требало да ги почитува во вршењето на функцијата конгресмен на еМакедонија:

- Чесност во односите со другите играчи,конгресмени, партии, воени единици
- Искреност во намерите и потполна транспарентност
- Фер Плеј и давање можност на секој да се докаже колку вреди, без предрасуди кон возраста, полот, националноста, јачината на акаунтот.
- Гласање за закони кои се од интерес на сите жители на еМакедонија и длабоко осудување и критикување на сите нечесни десјтвија, корупција и обиди за манипулирање со јавноста.
- Отвореност за комуникација со секој жител на еМакедонија преку отварање на чат канал на кој ќе бидам достапен секојдневно каде ќе можете да дознаете се што ве интересира во врска со случувањата во конгресот (доколку со тоа не се загрозат националните интеерси на еМакедонија)


Гласајте за мене за да и помогнеме на еМакедонија.

Искрено Ваш,
Митко а.к.а [M_F]Ninja