Предлог!

Day 1,279, 04:17 Published in Turkey Turkey by VlatkoP
Здраво Македонци!

Како најпрво би сакал да изразам огромно задоволство за 4 победи остварени во текот на ноќта иако кога видов дека сме на 4 фронта искрено не се надевав на повеќе од една победа но сепак:

И секако во сите од нив Campaign hero кој ако не ScymeX 🙂

Но сега пак треба да се нападне.Овој чекор треба да го изиграме паметно,со тоа што ке ја нападнеме Apulia!
Зашто?
Епа ако успееме да си ја вратиме ќе купиме многу на време евентуално ако почнеме да ги губиме битките и Грција добие шанса да нападне.Тогаш ако евентуално ги освои оргиналните територии ќе сака да тргне во освојување на Апенинскиот полуостров но тука ќе мора се од почеток а ние ќе имаме како резервна варијанта востание во Apulia и враќање на Италија со тоа и затворање на таа граница со Грција,барем на некое време.Можеби ова мое размислување е погрешно незнам....само предложив 🙂

Hail Macedonia!
Hail ONE!
Hail Brotherhood!

Dont forget to subscribe 🙂