СЕГА МУ Е МАЈКАТА !!!

Day 1,275, 04:25 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski

Природен непријател, па уште еден, едно востание па уште едно,две,три, гужви на канал, спамање, пцуење, дерење и што ти веќе не. Навидум изгледа како голем хаос или по нашки кажано не се знае кој пие, а кој плаќа. Сепак јас би ја истакнал позитивната страна од целото тоа збиднување. Се разбудија играчите, се заинтересираа, пројавија ентузијазам, движење, ни заживеа еДржавата.

Не памтам кога последен пат сум видел толку луѓе на канал, а бога ми и во самите единици.

Мислители, стратези, експерти (тако звано продавање муда за бубрези) во нашата ни мила државичка секогаш имало и ќе има меѓутоа сите тие изјави, предлози можат да се сватат како некој brainstorming па и да се извлече некоја позитивна работа. Еден човек или група на луѓе не можат се да знаат, а бога ми и не се безгрешни (освен Струмјанин и Данче МТО кои се вечни 🙂 )

Војната со Грција беше НАШ ИЗБОР и само беше прашање на време кога ќе започне. Да си кажеме сега за да не испадне утре дека они не нападнаа, а ние само се браневме.

Како и се друго во животот каде постои кулминација така е и во играва. Нашата е на прагот. Ќе губиме територии, ќе добиваме...се е тоа дел од играта. Не само тоа што ќе добиеме нов baby-boom туку со оваа војна ќе ги активираме и старите играчи кои беа во двокликашки mode или пред откажување.

Ако смеам да се дрзнам и да предложам нешто, тоа би било да се посвети повеќе време во координација со ONE. Во последно време се повеќе е битна таа координација помеѓу сојузниците отколку да си најјака држава во еСветот.

Од она што досега можам да го приметам е дека ONE e се уште не уиграна алијанса, каде постојат јаки индивидуални држави меѓутоа ни фали стратегија, планирање и организација. Од тој аспект ЕДЕН се покажа дека не е за фрлање, како во војната со Бугарија каде беше нападната од сите страни, а изгуби само еден регион во иницијалниот напад, така и со последнава војна со Србија.

Македонија до сега во ONE беше како коњаница која трчаше на сите страни за да им помогне на сојузниците. Сега е наше време, сега нам ни е потребна помош и треба нашево раководство да се избори за да бидеме ставени на врвот на Агендата на ONE.

Сите го чекавме овој ден на војна со Грција, ајде да се играме и да си го направиме висењето пред компјутер уште поинтересно.

ОК де, не мора сите да бидеме како Ромпер:




Да сте ми живи здрави сите и победа за Македонија !!!

Да ве замолам за shaut:

СЕГА МУ Е МАЈКАТА !!!
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1775776/1/20