АРМ регрутација + за македончињата

Day 1,274, 13:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Igor

Добро вечер драги Македонци и Македонки (500 – 2000 сила) и драги Македончиња (0-500 сила ака бебиња).

Најпрво во оваа статија сакам да им посакам добредојде на новите бебиња и би ве замолил да го прочитате туторијалот на министерството за образование овде. Еден мал совет од мене, веднаш од кога ќе го добиете своето прво злато немојте да го трошите на health-pack туку тренирајте со вториот бустер од 0.19 злато. Така веднаш ќе напреднете. Борете се слободно затоа што нивото на вашето здравје нема ефект на продуктивноста во фирмите, само повторно ќе наспоменам, немојте да трошите злато на војни и на health-pack.



Главната цел на вечерашнава статија е регрутацијата на Армијата на Република Македонија, поточно во единицата Лавови.



ШТО??? ЗОШТО???? КАДЕ????? КАКО???УСЛОВИ?????

ШТО???


Па ви кажав погоре. Ама ајде пак. Заради лични обврски некои од лавовите и лавиците си заминаа. На некои повеќе им одговараше да бидат на повисока функција и си заминаа. А некои само одлетаа во друга паравоена, чисто само да пробаат. Ама и самите не се свесни што пропуштаат. Еве ви и зошто.

ЗОШТО???

Епа уверете се самите. Видете ги следниве линкови.

Затоа што АРМ е најубавата воена единица

Затоа што сме најдобри и најдружељубиви

Затоа што иако има и лоши работи, сепак правиме да бидат подобри

Затоа што го имаме најдобриот командант

Затоа што направивме школа за италјаните

А и да не заборавам да напоменам. Се мава секојдневно и во просек се троши околу 250 здравје (во услови кога е Македонија во војна се рока 300 здравје) и сето тоа со q5 оружје.



КАДЕ???

Сето тоа се случува на erepublik.com и на нашиот приватен канал. Кој ќе биде примен ќе дознае канал и лозинка. Кој не нека се врати погоре кај ЗОШТО??? и нека види и самиот што пропуштил.



КАКО???
Епа многу лесно со пополнување на следниов формулар овде

УСЛОВИ???

- Да носиш наш аватар или АРМ- рамка со аватар по ваш избор
- Да имаш 2000+ сила
- Да работите во државните фирми на Лавови
- Да бидете на приватниот чет на Лавови во зависност кога ќе бидат издадени наредбите
- Да имате смисла за хумор (ова и немора, и да сте намќори ние пак ќе ве сакаме)

Е ај сега да ве видам не се пријавувајте.

НОВИ ЛАВОВИ - ВЕ ОЧЕКУВАМЕ

Кој сака за шаут:
АРМ регрутација + за македончињата
http://tinyurl.com/5tgq9uj

Секое добро и немора да останете со 100 здравје само искршете ги педерчињата вечерва 🙂

И да заборавив. Суб + Воте + Шаут 🙂