Пример писмо за опомена на играчите кои маваат на македонска страна во Апулија

Day 1,274, 05:34 Published in North Macedonia North Macedonia by piplz


Весникот Култура (Cool-tura) ве води на нова тура низ случувањата во еРепублик


Не сакав да го објавувам писмово во весник ама стварно зоврев гледајќи како и после толку опомени растураме штета непотребно мавајќи се сами против себе.

Јас незнам колку луѓе опоменав со писмово со истата содржина, па затоа секој барем на 10 души да им го прати истово на оние кои ќе ги приметите дека маваат против наредбите.

copy->paste


Subject: За востанието во Апулија

Здраво, приметив дека во востанието во Апулија се бориш на македонска страна, но сепак тоа е контра македонските интереси колку и да чудно можеби изгледа на прв поглед. Тоа востание е тактички кренато од Македонецот ScymeX, а за тоа можеш да се увериш тука http://www.erepublik.com/en/region/Apulia Затоа можеби приметуваш дека најголем јунак на македонска страна е некој Мегакредикартос или нему слично име т.е. грк кој со сета сила се труди за да го задуши востанието за да можат они да пројдат на италијанскиот полуостров.

Важно е да го дадеме регионот Апулија на Италија од тактички причини бидејќи регионот Апулија е единствен мост помеѓу Балкан и Апенински полуостров. Само оттаму може Грција да прејде во Италија, а вака доколку Апулија постане италијанска територија ќе неможе да напаѓа пријателска земја и патот ќе и биде блокиран.

Наредбата за востанието ја има и на официјалниот весник на Министерството за Одбрана: http://www.erepublik.com/en/article/-1274-1774109/1/20

Значи востанието треба да успее, а не да се задуши и затоа не се бори на македонска страна.