Швалеранција Уживанција

Day 1,271, 09:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Panovski



Министерски се маки големи да тргнеш на далечен пат за службен останок а таму да те пречека неодолива млада згодна колешка, министерка.

Дали да се преговара за спас на државата, дали да се кова воена стратегија, план за напад или одбрана хммм???



Прва стратегија план за напад, заведување и освојување.
А кој кого освојува и чиви пари се користат за таква намена тоа најдобро би можел да ни го каже нашиот министер за одбрана, Арамија



Почитувани граѓани на еМакедонија, во последно време сме сведоци на едно неморално и неетичко однесување од страна на горенаведеното лице кое националните парични средства ги користи за освојување цели за лична сатисфакција односно народски кажано швалеранција.



Со средства издвоени од даноците кои ние сите задолжително ги плаќаме некој ги искористува за лична сатисфакција, мислам дека тоа треба да ви биде јасно на сите нареден пат да не прашувате каде отишла поголема сума на пари и слично.

Очекувам што побрза реакција од претпоставените на горенаведениот или пак негов личен отчет за работата или уште подобро признание за (не)делата направени од негова страна во текот на неговиот краток мандат па ако признае нели половина му се простува.