Револт

Day 1,271, 05:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Palavec

Здраво народе македонски каде и да си!

Со овој артикл сакам да го изразам моето незадоволство а воедно и да прашам ШТО ЦЕФ прави владата у овој момент????

Знам дека е премногу рано, пред некој ден дојде променава и дека не сте баш спремни за ситуацијава, ама бар некој да искочеше да кажеше нешто дека има у план да направи со цените и со продажбата(на било што, не зборам за поедини работи)...
Незнам како им се исплати само на (извинете на израз) КОПУЦИНЕ шо шиткаат РАВ-ХРАНА за 0.17, а до вчера биле 0.41...Незнам кај им е ќарот а и платата за вработените. Ама изглеа немаат вработени и произведуваат по 130 рав на ден и ајде колку моеш да даеш толку, само да го шитнам и да бидам цели 10 денари у ќар(не е ни толку, ова од рукав го извадив)

Сакам да се обратам до сите што се револтирани а и КОПУЦИНЕ што шиткаат по 0.17 да седнеме да се договориме што понатаму. Упатувам апел до Владиниот врв, па и до Претседателот(иако веќе и него му се обратив) да кажете дали намеравате нешто да направите во врска со равот или не.
Ако не правите ништо во врска со цените, да знам да почнам да шиткам фирмите и да се ориентирам на друг производ!!!

НАПОМЕНА: Со ова неќам никого да навредам(морав да употребам КОПУЦИ за тие што шиткаат така), и знам дека секогаш владата ни е “виновна“ за се, ама во овој случај не ги обвинувам луѓето, само прашувам дали сакаат нешто да направат во врска со цените!

Ајде народе остани ми со здравје и добра мисла...И бидете умни!!

Искраен поздрав,Палавец