Злато и домашна валута

Day 1,268, 15:29 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Здраво еМакедонци,

после последниот вртоглав пад на цената на златото на монетарниот пазар, проследено со целосно издишување на цените на фирмите сметам дека е добро да напишам една статија околу моето гледиште на настаните.

Искраено мило ми е што гледам дека секој од Вас чувал по 5 голд за црни денови и тоа е супер. Во текот на овие неколку месеци бев сведок на вртоглави турболенции на монетарниот пазар, па дури и наводниот откуп на злато на админите кој на два пати се случи веќе стана клише исценирано од Државата.

Она што е интересно со наводните нови промени е дека вредноста на златото се намалува?
Ви се молам за малку трезвено размислување, па последниот пат кога видов сеуште за 100 евра се нудеа 300 голд. Никој не нуди денари ниту која било друга валута. Значи цената на златото е сеуште иста, се додека не се смени цената на еврото.
Затоа ве замолувам да не се откажувате така лесно од своето злато и малку по трезвено да размислувате за Вашите идни заработки.
Немојте да мислите дека поентата на играта е променета, админите сеуште ќе сакаат профит од купување на злато.

За жал заради брзопотезното размислување на одредени играчи имаме пласман на доста атрактивни цени на пазарот. Тоа диретно ќе влијае на Македонската економија утре, но погледнете повторно, никој од играчите со фирми за камен не ги пласираат своите фирми на пазар... Зошто? Многу веројатно е дека знаат што прават.

И како по обичај иако добар воен стратег, во времето на Струме по втор пат големи турболенции со правилата во играта 🙂 за жал не толку омилена тема за него.

И не заборавајте 300 голд = 100 евра, тоа е единствената вистина.

со почит,
SaveAss