А што ќе ни е компанија ???

Day 1,268, 11:33 Published in North Macedonia North Macedonia by TuvokMK
Поздрав еМакедонијо

Сигурно вакви слични статии имало многу кога економијата е разнишана па не замерувајте со такви коментари. 🙂

Во последната статија претседателот најави формирање на економска тинк-тенк група па како еден реален проблем за кој повеќето од играчите би се согласиле би им предложил доколку можат да изнајдат некакво решение за високите и неконкурентните плати кои ги нудат компаниите за работа на еден ден. Значи еве ќе појдам од мојот пример, компанија за жито. Моменталната плата на job market на пример за Гуру ниво 9 е околу 50 денари. Со 100 здравје тоа ниво би произвело околку 89-90 единици. Моменталната цена на житото е 0,47 со тренд да падне. Значи ако е направи една проста математика загубата е околу 9 денари !!!

Едно решение кое можеби е најлесно спроведливо е тоа цените на продуктите да пораснат со што би се намалиле загубите и компаниите би работеле на граница на рентабилност. Но тоа со себе носи други последици.

А платите вака само ќе растат бидејќи овие еднодневни компании цело време ставаат нови понуди и бидејќи не им се чека многу цело време понудите се зголемуваат за секогаш понудата да избие на прво место.

Некое решение ?

Бидејќи тешко излегуваат статииве на виделина ве молам за глас.

Нормално ако може и суб, многу тешко до ММ се иде. 🙂

Ако направите и шаут е тогаш ептен фалаа. 🙂