Не лајте по Ромпер

Day 1,260, 14:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Zazovski

Како сте Македонци!

Денес како што можеме да видиме, се бореа цели армии против Ромпер, и на крај испадна дека парите се пресудни.

Ромпер е само играч, со малку повеќе примања, и со малку попоголема љубов кон еХрватска, од останатите хрвати. Сите го плукаат, викаат немал живот, бил беден, со што се докажува само едно, "кој губи има право да се лути".
Никој не е крив што Македонија нема милион повеќе млади тинејџери, кои би се бореле за еМакедонија, никој не е крив што не додадоа во играва после незнам колку време. Ние докажавме дека со посветена работа може да преминеме во светска сила без разлика на тоа што Македонија има само 2 милиони жители и што влеговме по година дена(или колку и да е, не ме фаќајте за збор) во играва од нејзиното создавање.

Во овие тешки моменти на Србија треба да и се помогне, а не да се жалиме кој колку пари има и кој колку дал на играва.
Проблемот со Ромпер може да се реши само на два начина:
-да почнат масовно да се откажуваат играчи од играва, се со цел админите да увидат дека еграѓаните се револтирани поради прекумерната штета што ја создаваат поединци и да превземат некои чекори,
-или да заќутиме, да се обединиме, зајакнеме, побараме спонзори, да пуштиме повеќе реклами и слично.

Секоја чест на Ромпер што ги троши парите на нешто што го исполнува и што крвнички се бори за еХрватска.

Покрај се се надевам дека не сме толку бедни да кукаме и плачеме поради еден човек.






Поздрав и се читаме во следната статија.