Пролет! Време Италија да раззелени

Day 1,260, 05:01 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid

Ви се смачи ли од анемичните востанија на италјанците? Мене да! Како здодевни комарци во летните горештини се'.

Кратко потсетување: нашиот поранешен претседател Бандини им падна на патос на италјаните и преку ред солзи ред мрсули склучи мировен договор со нив преку половен референдум. Во тој договор комарците, пардон италјаните кои некој нагалено ги вика жабари требаше да добијат две територии, за возврат да си седат мадро за да не добијат модро. Ама мазохистичките склоности на жабарите го направија своето па тие не го испочитуваа својот дел и со боринка си побараа модро. Го направија тоа што и ние и го направивме на Бугарија, прекршивме договор, забивме нож во грб и бевме казнети. Време е Италија да го јаде стапот, да го добие она што го бараше - зеленило во прекрасниот пролетен месец мај.