План за победа

Day 1,258, 23:22 Published in North Macedonia North Macedonia by VODACOT

Денешниве битки покажуваат дека борба на три фронта е невозможна, па затоа треба да се тргаат противниците еден по еден. Како тоа да го направиме?
Најслабата алка е Романија, и сеуште се држи благодарение на Хрватска и Бугарија, но денес мора да биде поразена и во двете битки, што се надевам дека ќе се случи.
За Бугарија, мора да и направиме внатрешен проблем, за да не може да помага на сојузниците. Едно вистинско востание кое мора да биде во источна Македонија е совршено решение. Ослободувањето на источна Македонија, со синхронизиран напад на Софија и истовремено востание во Повардарие потоа, ќе ја исфрли Бугарија од колосек.
Со ова ги оставаме Србите и Хрватите еден на еден, а исходот на ова се знае однапред. За реализација на овој план, за жал Србите ќе мора да жртвуваат уште некоја територија, но кој последен се смее, најслатко се смее.
Hail ONE !!!