ПРИЈАТЕЛОТ НА МАКА СЕ ПОЗНАВА

Day 1,257, 08:45 Published in North Macedonia North Macedonia by carlixxx

Ќе ја започнам оваа моја кратка статија со неколку стихови од една песна од нашето северно соседство.Стиховите на песната одат вака:

Издали ме пријатељи издао ме брат.Изгубио све сам битке ал још водим рат

Овие неколку стихови најдобро ја одсликуваат ситуацијата во која деновиве се наоѓа еМакедонија.Поддршката од нашите "сојузници" еднаква на нула.Единството меѓу нас самите еднакво на нула.

И сега чаре?

Веднаш да престанеме со меѓусебните навреди и ситни политички превирања и препукувања!!! Не е време Лопата да ни ја води државата!!!
Мислам дека повеќето ќе разберат што ми е муабетот.

Веднаш да се стави до знаење на целиот сојуз дека вака не оди!
Ако сега не ни помогнат да излеземе од гомната во кои делумни и заради нив западнавме во иднина нека сметаат дека ние ќе бидеме само пасивен набљудувач на бавната смрт на големиот џин наречен ОНЕ.

Разбирам дека и самите тие се во гомна до гуша но ние за тоа воопшто не сме криви.За разлика од нив ние влеговме во непотребна војна со довчерашниот сојузник Франција и барем неа нека ни ја тргнат од врат а не да повлекуваат глупи потези и да ја напаѓаат Италија која сега е всушност нашата Држава.

Македонци свестете се веднаш и застанете машки во одбрана на нашата чест.

ОНЕ победија својата ароганција и помогни им на пријателите зошто пријателот на мака се познава.