И ЈАС САКАМ ДА БИДАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ !!

Day 1,256, 15:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski

Како и секој пат кога се наближуваат избори така полека полека и државичката ни се поделува на табори, групи, партии, секти и незнам друго што.

Македонците некако по default секогаш се водат од девизата, кога ни е најтешко бараат спас во поделби, расправии и обвинувања до бесвест.

Во статијава би сакал да дадам едно мое видување на самата функција претседател и што тој/таа би можел да направи некако нашата заедница да се зближи повеќе и подобро да функционираме.




Како прво и основно секоја личност кога ја презема функцијата претседател треба да има на ум дека веќе не влегува во играта како Петко или Трајко туку претставува институција со целиот негов тим позади него.

Не можеме да се водиме од реалноста во целост, пред се затоа што треба да имаме во обзир дека во играта има и деца од 10 години меѓутоа можеме да искористиме некои принципи на работа.

1. Прво и основно, кој и да ја преземе функцијата, тој треба да биде сигурен дека во рамките на еден месец треба да има ВРЕМЕ за да се посвети на играта, а не само да има медал на гради.

2. Треба да се направи тим, план/стратегија, начин на спроведување, координација како и отчет за сработеното.
- Не ми е јасно зошто мора тимот на претседателот да биде од оваа или онаа партија. Нека има претседателот доблест и нека состави тим во кој ќе има момци/девојки од повеќе партии, од повеќе единици па и зошто да не се поканат и некои луѓе од другите држави за да го споделат нивното искуство. Македонија има добри сојузници и верувам дека многу дечки од другите држави ќе се сложат да бидат дел од различните министерства, па не сме ние најпаметни за да не можеме да научиме нешто од другите.

3. Од досегашното искуство не можам да сватам како е можно да се случи да нема наредби пола ден и да нема инфомации кој, што, каде, како.
- Па има секојдневно по минимум 100 луѓе на еМКД каналот и наместо 2, нека се земат по 10 луѓе во тоа Министерство каде што е потребно.




4. ИНФОРМАЦИЈА ИНФОРМАЦИЈА ИНФОРМАЦИЈА
- Секоја информација вреди пари и време. Човекот кога не е информиран почнува да си прави филмови, да го фаќа паника и многу често прави погрешни чекори. Нека се направи тим од луѓе кои од една страна ќе бидат во функција на “портпарол на владата” со тоа што ќе пишуваат статии, извици и ќе пласираат информации на чет каналите, а од друга страна ќе прибираат идеи и сугестии од цивилите/војската. Не е срамота да дадеш идеја, срамота е ако не сакаш да ја слушнеш!

5. Повик до досегашните Министри:
- Луѓе, треба да имате малку осет и свест дека ако еднаш сте биле Министер/Министерка тоа не значи дека таа функција ви е загарантирана за цело време додека ја играте играта. Па имајте малку доблест и покажете несебичност спрема другите, па во играта има над 10 000 луѓе.




Дајте им шанса на другите, дајте им совети, бидете нивни ментори и работете со нив. Пред да преминете во офанзива и напади на другите, ставете прст на чело и сетете се дека и Вие не сте биле родени со знаење за таа позиција и дека Вие еднаш сте почнале од НУЛА.


Се надевам дека со статијава ќе придонесам барем малку кон подобро функционирање на администрацијата на наредниот претседател. Ќе ми биде мило ако видам дека сме поорганизирани, поефикасни и пред се посложни. Кога победуваме, да се радуваме сите, а кога губиме, да го прифатиме поразот гордо и да научиме од своите грешки. Сепак ова е ИГРА, ајде да се дружиме и да се играме.




Да сте ми живи и здрави сите!!

П.С Сакам да ве замолам за еден shaut:

И Јас сакам да бидам Претседател:
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1761626/1/20