Македонија е зрела за своја армија!

Day 1,256, 14:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Pljakot


Знам дека вакви работи би требало да се прават потајно, но сепак најубаво е народот да си даде свое мислење.



поголема слика

Организацијата е јасна. Претседателот заедно со министерот и ГШ одлучуваат за стратегијата и за тоа каде ќе се употребува армијата. Претседателот му дава средства на министерот, министерот ги дели на командирите на водови, а командирите им делат на војниците кои ги имаат под своја команда.

Зошто баш водови од 20 луѓе? Затоа што е полесно да се контролираат и поедноставно ќе биде за командирите. Друго е кога треба да се грижиш за 50 луѓе, а друго е за 20. Еве каква ми е идејата за функционирање:

Пример, има две пешадиски бригади. Во првата пешадиска бригада се првиот, третиот, петиот вод...
Во втората пешадиска бригада се вториот, четвртиот, шестиот вод...


Во зависност од тоа колкава е економската моќ на државата и заинтересираноста за влез во армијата ќе се знае бројот на водови кои ќе ги има Армијата.

Како би функционирал еден вод? Секој вод ќе си има свој канал, заштитен со лозинка. Секој вод си има командир и двајца заменици. Војникот си доаѓа на канал, прашува каде треба да се мава, добива средства и мава. Ова е со цел да се направи баланс рамнотежа помеѓу командирот и војниците, односно да не мора да седат по 10 часа на ден на канал, затоа што реално, играва одзема премногу време и за брзо доаѓа до презаситеност.

Во случај на сериозна војна, како што имаме во моментов, војниците од тенковските баталјони треба да добиваат полна опрема за пукање на 300 здравје.

Армијата ќе има унифицирани аватари. Секој вод ќе има свој лик на аватарот. Моја идеја е да се избега од практиката да се именуваат единиците според животни, туку според историски личности, од далечната и блиската историја. Еве мој предлог како би изгледал аватарот..




Значи, ова е направено на paint, нафрлено, треба да се среди во photoshop. Од левата страна сонцето, чија позадина како оди кон десно ќе станува се потемна, за да дојде целосно црна позадината на Цар Самуил. Долу стои АК-47 како знак за пешадија, и бројот на полкот, одностно 3 полк. Припадникот на третиот полк при првата пешадиска бригада на chat ќе носи таг - [1P-3] (прва пешадиска бригада-3 полк).

За другите единици:

ВИНГ - [VING]



Пешадија - [1P-1/3/5/7] или [2P-2/4/6]



Тенкови - [1T-1/3/5/7] или [2T-2/4/6]



Извидници - [1I-1/3/5/7] или [2I-2/4/6]


ПСО - [1PSO-1/3/5/7] или [2PSO-2/4/6]



Мои предлози за имиња на водови:

Шарпланинци


Бушава азбука


Ѓорѓи Колозов


Тошо Малерот


Теодосиј Гологанов


секако може и Александар Македонски, на ПСО би му личел Филип 2-ри Македонски, може Блаже Конески...има милион можности.






Што би бил проблемот за сето ова да се реализира? Одговорот лежи во нас. Ќе искористам еден цитат од претходниот претседател:

За жал, кај нас е поголема поврзаноста во единиците. Затоа мислам дека овој план е тежок да се оствари. Ниту паравоените ќе сакаат да се растурат, ниту пак единиците од АРМ ќе прифатат трансфер во други единици. А би било интересно, ќе има напредување во армијата, префрлување во единици, запознавање нови пријатели...како и да е, се помачив да ја напишам статијава, се внесов во неа и се заиграв дури 😃. Слободно коментирајте, давајте предлози, критики и поставувајте прашања. Ве молам бидете конструктивни. На троловите давајте им репорт ако има основа, другите игнорирајте ги.
На крајот, голема благодарност до сите кои помогнаа со свои идеи одговарајќи на нашиот прашалник, а најголема благодарност до
Среерс кој учествуваше подеднакво колку и јас во правењето на овој 'план'.

Шаутирајте -

Македонија е зрела за своја армија!
http://tinyurl.com/67e3oso

п.с.моментално, во ПСО би влегле околу 40 еМакедонци. Плус уште десетина за некој ден...тoа е црвената армија за која Струме зборуваше...