Во ново руво

Day 1,256, 07:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Palavec

Добар ден Македончиња, каде и да сте


Ај со арно со убаво нека ни тргне новиот главен град. И ова го дочекавме(јес да виртуелно), да не се затвориме на просторов... Се надевам искористувањето на новите ресурси ќе не лансира колку-толку во "build up" на државава(не е веќе државичката) па и на новите играчи а и цивилите.
Сепак мислам да им викнеме јако на Итаљанине, да не се пуваме и СВЕ да биде наше(нели имаше еден таков слоган, “Цело е кога има се“) па така да може и да си изиграваме Римска империја(а и шо им фалело нив бе 😃)

Мање више тоа, малце ме напнаа толовине со тупењето “патриотизам“... Па да ви И*** векот бе буљаши едни, ја колку што знам и тие делови се обоени зелено, и таму пишува РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, и таму се вложени доста средства(што од држава, што од паравојски)...
Незнам шо беше поентата со патриотизмот, не го рачунате и тоа за наше???
Или тоа ви дојде ко само да пишете некој весник пошто не ни знаевте што се случување тој период пошто бевте гуштери...
Ама сепак тоа е ваше, секој си има право на слобода на говор(ама воздржете се ве молам, или бар седнете со родител или постар брат/сестра ама МИНИМУМ да е 4 средно и нека ви срочи еден весник)


На тоа се придодава и кандидатурите за конгресмен/претседател. Па дај ви се молам бе, некој зелембаши со по 3-4 медали и “искуство“ од неполни 4 месеци ми се кандидира за конгресмен/претседател!!! Засрамете се бе деца!!!

И уште една молба до Министерствоно за Образование(иако тоа се учи од 1 до 4 одд), да ги научите дека се пишува ПРЕТСЕДАТЕЛ а не ПРЕТЦЕДАТЕЛ!!! И уште една молба, дај нека се покрене иницијатива да се пишува на кирилица, сепак се правиме македонци до коска а ко прво и прво пола(ако не и повеќе) пишуваат латиница, а ова “гуштериве“ да се научат да пишуваат правописно!!!

Епа народе мили тоа е се од мене...Останете ми со 100 здравје и добра мисла, и најбитно БИДЕТЕ УМНИ!!!!

Чао Македонијо, каде и да си!