Македонија До Индија, ЕВЕ КАКО БЕШЕ !!!

Day 1,255, 12:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonija Do Indija



Некои работи останаа недоречени. Некои работи беа извртени. Некои работи беа лага.
Статијава ја пишувам како шлаг на тортата на целата моја ,,претседателска кариера,,.
Оваа статија ја посветувам на мојот народот, во чии очи во голема мера го изгубив она за што работев 3,4 месеци, репутацијата.Зошто се случи тоа, повелете читајте.

Прво и основно, ако сакате во целсот да ја сватите суштината на она што го говорам, прочитајте ги овие мои статии, за да ви биде јасно дека не измислувам топла вода, дека знаев во што се впуштам и што ме чека...

Мојата претседателска кариера.
Со многу голем елан влегов во трката. Кога видов дека ОеМ нема свој кандидат, ми беше јасно дека ќе победам. Ништо арогантно, едноставно реалноста беше таа. И да, се случи победа.

Ајде сега малце анализа на настаните.
Што значеше за ОеМ=Армакедон, пораз на изборите?
За првпат од создавањето на Македонија, на изборите победи различна партија од ОеМ и тоа не не кои било избори, на најважните на претседателските.ОеМ си ја имаше сватено власта, како ,,од богом дана,, како нешто природно за нив. Но, ете доживеаа пораз.

Тоа значеше, дека Армакедон ќе биде далеку од државната каса, ќе биде далеку од моќта на власта која ја чувствува како природна работа, едноставно ќе биде ,,обична,, воена единица 1 месец. Дотогаш, навикнати на луксузен еживот(Наполеонки, к5 фабрики, бх медаљи итн), неможеа да се адаптираат во оваа нова улога.

И што ќе очекува човек кој што ги разбира работите ? Дека ќе седат
,,мадро,, и ќе чекаат 1 месец ? Дека ќе го подржат нивниот ,,егзекутор,, ?
Не, ќе очекувате напади во секоја можна прилика, ќе очекувате фрлање црна дамка на се што е кристално бело...
Тие, имаа само 1 механизам за да ме симнат од власт. ИМПИЧМЕНТ-от беше, за мене лично прашање на време, само не ја знаев причината(нормално банална, ама битно е да се има алиби)

Мирот со Италија
Веројатно, очекувате да кажам дали сум погрешил или не, еве пресудете сами.
Имам само едно прашање до господата од ОеМ. ДАЛИ МИСЛАТ ДЕКА НАРОДОТ Е ГОВЕДО, ДЕКА СЛУЖИ САМО ЗА ГЛАСАЊЕ НА ИЗБОРИ И ДЕКА Е ГЛУП ?
Зошто го прашувам ова. ДАЛИ ИМАШЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА МИР. –ДА... ДАЛИ НАРОДОТ СИ СЕ ИЗЈАСНИ- ДА... ЕПА ЗА ШТО СПОРИМЕ НЕ МИ Е ЈАСНО ? НАРОДОТ НЕЗНАЕ ДА РАЗМИСЛУВА ?
ОеМ ги пратам користат фраза дека биле блиски до народот... Боже боже, што нема да прочиташ.
ЗНАЕТЕ ШТО Е БЛИСКОСТ ДО НАРОДОТ? ДА СЕ СЛУША И СЛЕДИ НЕГОВАТА ВОЛЈА , КАКО НА ПРИМЕР РЕФЕРЕНДУМОТ. Како што ветив во програмата, референдум за секое големо прашање.
Но тука видоа место за манипулација. Искачаат 2ца со статии како демек кои биле негативните страни. Абе ајде и негативни страни имало ? Леле да не бевте вие, немаше да ни текне 😒
Ај да ми кажат господата, што на Светот нема 2 работи, добра и лоша ? ...нејсе...

Едниот, искача и вика, демек ако не ги ,,убиеме,, сега, они ќе се зајачаат и ќе ни ја скршат кичмата. Дада, италијаните имаат копче исто како Крстевски, само тие не го користат за да станат претседатели, туку да ојачаат МОМЕНТАЛНО. И така, кога јас ќе им оставам 3 региони, тие го стискаат копчето, и БАУ Италија е слободна, ќе не избаци од Апенините...
Уште мислите дека ОеМ ги засега мирот со италија ? НЕ. Тој дојде како кец на десетка за причина за импичмент.

И да. На што личи тоа, одкако народот си одлучи, одма да се јаваат ,,месии,, како демек они биле тука да ја спасат Македонија, немало на италија да и дадат да земе региони. Комедии.
Целата ситуација изгледаше, како кога на мало дете не му ја купуваат посакуваната играчка и тоа од немоќ почнува да плаче. После референдумот го видовме тоа, плачење, цмиздрење, абе комедии, изигравање кловновни, глумење лудило. Па како капак на се, анархија. Месијата ги предводи своите следбеници, и тоа пазете за доброто на Македонија. Кутрите следбеници, никогаш нема да сватат дека одбработуваа за кариерата на Месијата.
Да не се лажеме, италијаните се шега,смешка,мравче. И коста македонец може да ги избрише. Мојата цел беше, едноставно да не не замараат со непотребни востанија, каде има жители кои не пратат наредби, и си бркаат БХ, трошат штета безпотребно.

Јас му наложив на ОНЕ дека ќе го направам мирот, доколку помине на референдум. После неколку минутните разговори, решивме дека е ок. Марионетката на ОНЕ(ја сум бил тоа, така прочитав) и наложува на алијансата нешто? Епа како е марионетка ?

Значи по консултациите решено е да се оди на референдум. Референдумот успеа, и почнаа да плачат познатите фацки кои не беа на власт. Мирот траеше неколку дена, и рататата Колинар дига востание. Во мометот јас лично пукам од нервоза, и му ја пишувам порака зошто го прави тоа, тој ми одговара дека има голд и ќе прави што сака. Дрскост, голема. Го барам италијанскиот претседател, но тој ме игнорира 1 ден. Тоа само долеа масло на огнот. Следниот ден, ратата уште едно востание од истиот типац. Овој пат добив повратна порака од италијанскиот претседател. Се сретнавме на чат, и јас изреволтиран, го запрашав зошто колинар го прави тоа што го прави. Преседникот ми објасни, но јас реков дека неможе така. Која е целта, да се има договор кога и така некој дига востание. Побарав гаранција во голд. Тоа го избегавав цело време, со цел да се зачуваат дипломатските односи. Но, ете се случи, и цената беше 150 голд, со интенција на паѓање, и кога дојде на 100 голд инсистирав да биде 100. Италијанецот беше гневен, и ми кажа дека ќе видиме на воена поле. Му укажав која е Македонија во споредба со Италија, но тој си мислише дека може да се ослободи комплетно. ОК, и тогаш падна договорот. Јавно кажав неколку пати дека нема договор.
Значи, не сакам да префрла никој против овој мир, затоа што НАРОДОТ си одлучи така, и за разлика од сите вас, јас го СЛУШАМ. Ете тоа е работа до народот 😉

Нападот на Франција.
Видете вака, алијансата е како верни пријатели, како браќа, значи работи на принципот сите за еден еден за сите. Нападот на франција беше токму тоа, помош на ОНЕ. Овој потег бил марионетски. Ако е така, тогаш јас сум ,,ПАПЕТ МАСТЕР,, кога цел ОНЕ маваше за Софија? Или не ? Смешни сте, за разлика од вас, јас ја почитував алијансата и помагав колку што можев, и затоа Македонија беше цела во мое време, и затоа ја браневме Софија успешно. Значи, нема никакви марионети, едноставно има услуги.

Софија.
Во мое време, Пиринска Македонија се припои кон матицата, и беа заедно 15тина дена. ЈА ДРЖЕВМЕ ПИРИНСКА ВО НАШИТЕ ПРЕГРАТКИ И ТОА Е ЗА РЕСПЕКТ. ЈА БРАНЕВМЕ И ЈА ЧУВАВМЕ БЕЗ КОМПРОМИС ВО МОЕТО ВРЕМЕ!
За разлика од Драшко кој што потроши(или украде) 15,000 ГОЛД, јас ја освоив Софија со речиси 50 голд. Тука сите споредби Индија-Драш прекинуваат, и се дури и смешни.
Софија ни носеше 25% бонус од ЖЕЛЕЗО 15тона дена. ТОА Е УСПЕХ. ТОА Е ГОЛЕМИНА. ТОА Е ТОА.
Ќе се памти ова дело, иако некои групации сакаат да се заборави.

АРМ и воените единици.
Рефундот, како што ветив, беше брзопокретно решен. Се добиваше НАЈГОЛЕМ РЕФУНД ВО ИСТОРИЈАТА НА ЕМАКЕДОНИЈА! СЕ ПАМТИ И ТОА.
Реформите во АРМ, беа планирани уште веднаш. За тоа има сведоци. На чат канал бевме собрани следниве, РАДО,СЛАЈДЕР,СМЕЕОКС,РЕКСАЧ, ЛАВЧАН и МАЈА. По догли дискусии, Слајдер заклучи дека проблем со формирањето на Волци ќе биде трансформацијата Тигри>Лавови>Волци. Тој го детекрираше проблемот во преминувањето, затоа што Лавовите немало да сакаат да прејдат во Волци, затоа што биле поврзани за Лавовите. Ова е факт, може да посведочат Горенаведените.

И покрај оваа ситуација, јас инсистирав да се направат Волци после војната со Бугарија, без да има трансформација односно прејдување од една во друга единица. Дека го планирав тоа, може да посведочи и Хобан, на кого му пратив порака со таква содржина. Значи, да не бев сменет, волци ЌЕ ИМАШЕ.
Сега гледам ОеМ се китат со туѓи перја.
НЕКА ЗНАЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ТАА ИДЕЈА БЕШЕ МОЈА, НА МОИТЕ МОДОВИ, НА МОЈОТ ТИМ,НА МНФ.
Исто така големо внимание обрнавме и кон цивилите. Имавме доста акции за делење на Лебови, и командување на цивилите. Со Премиерот Карликс, имавме идеја да го надградиме тој план, дури и од него лично побарав да ми достави план околу организација на цивилите, може да посведочи, но утродента, бев сменет.
И ДА. СПРЕЧЕН БЕВ ДА ИЗВРШАМ РЕФОРМИ.

Нападот на Пловдив.
Да ова беше моја грешка. Не бев во можност ниту да го контактирам човекот кој имаше пасс од мојот профил, не бев во можност да се приклучам на играта.
Оваа грешка, грешка на која сум гневен на самиот себе, нема да си ја простам. Да погрешив, и имам доблест да кажам ПРОСТЕТЕ МИ СИТЕ.
Оваа моја грешка, беше бингото за ОеМ. Одлична причина за импич. И да, тоа се случи.

Снемувањето пари од НБРМ.
Од државната каса, имаа пасс 2ца. Јас и Рексач. Во моментот кога рексач видел дека има ИМПИЧМЕНТ, во афект повлекол 100к од државната каса. Разговаравме и го натерав да ги врати парите, таму каде припаѓаат и се случи тоа.

Инаку, мојот мандат не беше така неуспешен како што го толкуваа Папата и Монасите. Јас за кратко време, дојдов на она место каде што секој Македонски патриот има желба да дојде.
Во мојот мандат, имав само 1 грешка. Нападот на Варна. Но, ете кога 10тина граѓани кои имаат левел над 25 ќе кажат дека ЦРНОТО Е БЕЛО, ТАКА Е.

Влезот во ОНЕ.
Да, во мое време ОФИЦИЈАЛНО ВЛЕГОВМЕ ВО ОНЕ. Ако бев толку лош како што сакаат да ме претстават моите ривали, ОНЕ можеше да почека 1 месец, па да не прими после мојот мандат.
Ветив АКТИВНА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА.
Да и ИСПОЛНИВ. Еве со кои земји направив МПП.
Mexico, Sweden, South Africa, Lithuania. Тоа за што се залагав, исполнив.


Да се биде претседател е ужасно тешко, многу часови поминав пред мониторот, многу нерви потрошив. Толерирав додека можев, но се си има граница. Како и да е, уште еднаш благодарам до сите оние кои ми веруваа, и ми ВЕРУВААТ.
Статијава е километарска, но е пишувана искрено и се е објаснето, зошто како и што.

Ве молам, да мавнете по еден шаут, да види народот и од другата страна, зошто се случи тоа што се случи.

Ќе излезам и со статија околу префрлувањето на Македонија во Италија. Многу ,,патриоти,, сега први трчаат и го подржуваат овој план, кој е ништо друго освен САМОУБИСТВО.

Благодарам на вниманието, благодарам на довербата, МАКЕДОНИЈА ДО ИНДИЈА !!!

Шаут...

Македонија До Индија, ЕВЕ КАКО БЕШЕ !!!
http://tinyurl.com/3jhjdy2