Анализа на Сојузниците на Бугарија

Day 1,254, 09:10 Published in North Macedonia North Macedonia by glusce1

Ајде да посветиме малку време на сојузниците на Р. Бугарија.



1. Грција Има огромни проблеми да ги задржи своите територији. Турција изврши голема офанзива и скоро ги протера грците од европа. Би советувал да им помагаме на турците кога ќе им загусти. МОментално грците не претставуваат веќе силен сојузник на Бугарија.

2. Франција е опколена од страна на полска, шанија, велика британија но сепак граничи и со нас па претставува опасност од секоја страна. Предлагам привремен сојуз со франција.

3. Русија Води битки со србија па не се посветуваат околу војната помеѓу Македонија и Бугарија. Тука добиваме односно Бугарите се без еден сојузник но и губиме силен сојузник, Србија. Русија не претставува голема опасност за МКД во моментот.

4. Чиле е опколен од бразилците но е истовремено и сојузник со нив, па ниту ги некој напада ниту нападаат. Претставуваат добар сојузник за бугарија. Затоа би било добро доколку се СКЛУЧИ СОЈУЗ СО ЧИЛЕ.

5. Хрватска Е еден ако не и најсилен сојузник на бугарија. Предлагам Македонија да склучи СОЈУЗ со хрватска или договр за ненападање за да ги ослабнеме бугарите за 20 до 30 %.

6. Американците Војваат секојдневно со Шпанците па затоа ниту ги видов нив во бугарија ниту пак ги видов Шпанците на наша страна. Неутрални се и не интересни за нас.

7. Кина Има битки со северна кореја. Сакаат да ја освојат јапонија на една страна а на друга сакаат да се прошират на југ кон Индија.
Сигурен сум дека Кина би склучила сојуз со МКД. Тука може само да добиеме.

8. Восна и Херцеговина е во срцето на балканот. Но е во војна со сите балкански земји. Сепак во последно време успеаа да застанат на свои нозе. Сепак претставува среден сојузник на бугарија кој и помага. Предлагам билатерален договор со претседателот на БиХ за нивно возджување од битките помеѓу мкд и бугарија а како замена да им се понуди нешто.

9. Јужна Кореја има проблеми со северна кореја и јапонија. За сега сме мирни од нив.

10. Индија е во војна со кина а и пакистанците не и даваат многу мира на индија. Таа бара и прифаќа помош од секого.
Предлог : Да склучиме сојуз со пакистанците и индицијте.

11. Германија е во војна со Полска. Од нив бугарите немаат никаква корист. Додека ние пак секојдневно добиваме подршка од појаците.

12. Бразил Војува со јужна африка веќе неколку дена, па немам видено ни еден бразилец или јужно африканец во мкд и бугарија.
Бразил не претставува опасност.

13. Романија е еден од НАЈСИЛНИТЕ сојузници на бугарија. Ги има во секоја битка и нанесуваат многу штета. Пожелно е привремено да им се понуди СОјузништво додека да ја смириме бугарија.

14. Ирска е нападната од Канада а и постојано ја напада Велика британија. Тие не претставуваат никаква опасност.

15. Италија Не може да застане на своите нозе откако ги скоро уништивме. Секој ден креваат востанија и не се никаква опасност за Македонија. Откако ќе ги смириме бугарите мора да им одржиме животна лекција на Италијанците.

16. Украина заедно со романија претставува СИЛЕН сојузник на бугарија. Во последно време никој не ги напаѓа па се доста активни во македонско бугарската војна. Мора некако да се одвлече вниманието на украинците од нас. Или да им се понуди Сојузништво или некој од нашите сојузници да им задава главоболка.

17. Австралија не ја најдов на мапата. Индонезија ја има срамнето до земја цела австралија.

18. Уругвај Има една и едниствена територија, се труди да преживее. Не претставува НИкаков противник.


Заклучок :
За да имаме поголем успех против Бугарија потребно е
Да се склучи сојузништво со :

1. Франција
2. Чиле
3. Хрватска
4. Кина или Индија ( а може и на двете )
5. Романија или Украина

Следуваат уште анализи и предлози
Мишо Глушче Марковски