Драга бабичке, како здравјето?

Day 1,252, 18:02 Published in North Macedonia Indonesia by mlagjo

Драга бабичке!
Се спремам одамна да ти пишам ама немам време. Како што знаеш пред повеќе од месец дена тргнавме во поход кон Италија. Испловивме од Црногорскиот брег и за два дена стигнавме кај жабарите. Успеавме да ги освоиме заедно со словенците, ама у последно време нешто се бунат и креваат востанија. Нешто задушивме, другото допрва. Моментално сум на Сардинија. Тука сум со другарчињата од единицата "Војводи". Моментално сме по риба и сите те поздравуваат. Како удира само немаш појма. Ги слушам твоите совети што ми ги даде на заминување и секојдневно работам дури на три работни места. Кога имам време тренирам и со еден чичко што го запознав во Франција. Се вика наполеон. Многу ми помогна. Слушам дома имате проблеми со претседателот. Требаше одамна да го смените. Поздрав и се надевам дека наредното писмо ќе ти го пратам од Атина.



П.С. Се видов со Горан Пандев во Милано и ти испраќа поздрави и бакнежи.