ИЗБОРИ или ПАЗАР?

Day 1,252, 14:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Vasko Ivanov
Честит Велигден и Христос Воскресе!!!



Здраво Македонци и пријатели на еМакедонија како прво на сите од христијанска вероисповед нека ни е честит Велигден.

Сега да посветам малку внимание на тоа што ме натера да ја напишам статијата и на денешните случувања. Денеска во еМакедонија требаше да се одржат избори но дали ова што се случува денес се избори или пазар прашање е сега.

Сите вие што го продавате вашиот глас за ситни пари ставете прст на чело и запрашајте се зошто сте почнале да ја играте оваа игра и што е вашата цел тука. Ако мислите дека во конгресот треба да "седат" членови кои немат никаква желба да сработат нешто за доброто на еМакедонија и нивна единствена цел е да заработат 5 златника и конгресменскиот медал да светка на нивниот профил тогаш слободно продајте го вашиот глас за 100 МКД што е еднакво на само 2,3 дена работа.



Ако напротив сакате да ја видете нашата еМакедонија како велесила на воен и економски план во еРепублика тогаш добро размислете за кого ќе го дадете вашиот глас и недозволувајте вашиот глас да биде купен за ситни пари бидејќи вашиот глас нема материјална вредност па дури ни 10 златника не се доволни за некој да може да го купи од вас.



И за крај нешто за опуштање после долгиот и мачен пазарен ден 🙂