Конгресмени

Day 1,251, 16:17 Published in North Macedonia North Macedonia by Cool Hunter

Драги читатели,
Утре одлучуваме за нашата иднина,ги бираме нашите политички претставници.
Веќе неколку дена сум мета а верувам и сите вие на разни молења,подмитувања и лажни пријателства со цел гласање за одредени личности.
Она што не ми се допаѓа во оваа игра е начинот на кој функционираат политичките партии.Луѓе се глаасат по секакок основ само не според најважниот,што има да понудат на гласачите.Сите овие месеци како ја играм играта ја не видов едно сериозно претставување на политички кандидат со соодветна програма и визија за дејствување.Единствено на што работат идните политички конгресмени е мобилизација на гласачкото тело.
Тука голема игра играат и паравоените единици,кои претствавуваат своевидни политички партии со најсигурни гласови бидејќи веќе постои силна кохезија и познавање меѓу соборците.Друга негативна работа е што секој конгресмен работи за медала и самата психологија на конгресменската работа е освојување на тој медал.Па тогаш кој е бенефитот за нас гласачите?
Каква корист имам јас ако некое НН лице добие медал а не ми врати подоцна мене со добра работа и отчет за сработеното.
Така да апелирам до сегашните конгресмени и аспирантите да си ја сфатат работата сериозно и да понудат опција прифатлива за гласање од страна на сите играчи,а не собирање гласови по пријателска линија и сл.

Поздрав,
Би бил благодарен за V+S