[ВАЖНО!] Е ШТО СЕГА ?

Day 1,248, 10:03 Published in North Macedonia North Macedonia by MyNameIsMacedonia

Здраво МАКЕДОНЦИ,

Како што сите знаете денеска имаме војна на 3 фронта.

Бидејќи нашиот претседател е во градинка и неможел да нападне во Русе, затоа војуваме за Пловдив.
Игнорирајте ја оваа битка, не ни е важна воопшто.

Втората битка е востанието во Софија.
Оваа битка ни е приоритет и мора да ја добиеме. Пукајте но само кога е потребно.

Третата битка е востанието во Апулиа, Италија. Грците и Бугарите ја ослобдуваат Италија со цел ние пак да останеме заробени во оргиналните територии со два непријатели и само 1 пријател (Србија).
Оваа битка треба да ја добиеме. Доколку можете пукајте но само во рунда кога имаме шанса да ја добиеме, не во непотребни кога веќе губиме со голема разлика односно Италијанците имаат добиено повеќе од 1200 поени а ние помалку од 500.
Според мене тука треба да видиме колку Словенија ќе бидне фер и како ќе ни помогне за подарените територии. Под итно треба дипломатска средба со тоа што ќе дојде до договор Словенија да ја објави Италија за Природен Непријател а со тоа ќе ги запрат за некое време востанијата во Италија. Верувам дека словенците без проблеми ќе се справат со освојување на територии во Италија.
Со тоа на нас ни останува војната со Бугарија, ќе можеме да се сконцентрираме само на Бугарија и верувам дека ќе постигнеме голем успех.


Претседателе, разгледај го последниов предлог во врска со Словенија. Така ќе бидне најдобро за сите.

Vote & Subscribe & Subscribe & Add as friend

Благодарам,
Ваш MyNameIsMacedonia