Иницијатива

Day 1,247, 12:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Cool Hunter

Драги читатели,

Мило ми е што за релативно кратко време изградивме сериозна едржава конкурентна на останатите големи играчи.Без разлика на разните проблеми или несогласувања кои настануваат секојдневно ние треба да бидеме горди на она што создадовме,вистински функционална ЕМакедонија.Тука посебно се истакнува воениот сектор кој ја има најголемата заслуга зошто ние воопшто постоиме на овие ризични простори.Нашите воени и паравоени единици преку добра координација успеваат да ги зачуваат нашите територии нечепнати.(секако голем е уделот и на обичните играчи).
Она што сакав да го предложам е ваквата ефикасност да ја префрлиме и во економскиот сектор.Реално гледано,тука работите не се најсјајни и од време на време наидуваме на проблеми во најголем дел поради нелојалната конкуренција на пазарот.Би можеле да создадеме здруженија или организации налик на стопанските комори од реалниот живот за обединување на сопствениците на фирми и заштита на колективните интереси.Добро би било и да имаме и одреден регулаторен орган за цените на пазарот.Иако и тука функционира пазарна економија овие мерки се реални и остварливи.
Сепак,јас сум минорна фигура во оваа игра и за да овие предлози бидат посериозно сфатени и разгледувани потребно е да дојдат до играчите со поголем авторитет и нашите политички водачи.Затоа би сакал што повеќе луѓе ја прочитаат статијата и го поделат истото мислење за да во иднина стапиме и во реализација,зошто да не.

Поздрав
Cool Hunter

П.С. Би бил благодарен за V+S