[ПРЕ] Зошто, како , што ?

Day 1,242, 08:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добарден Македонија.

Разочаран сум од многу нешта.
Прво и основно, од манипулаторите на ситуацијата, кои собираат ситни партиски поени.

- Мирот со Италија.
Прво и основно, ние НЕ земаме бонуси од Италијанските региони, затоа што не се поврзани со нашиот главен регион Источна Македонија. За да имаме благодет од Италијанските региони, ние МОРА да го нападнеме јунанистан. Од јунанистан ни се потребни 3 региони, а тоа се : Македонија, од таму треба да го нападнеме Епирус, и финален региони кој што ни треба за да се поврземе со Италија преку воден пат се Јонските Острови. Сега прашувам, дали е Македонија моќна, без подршката на ОНЕ, сама да и ,,земе,, на долната држава 3 региони, И ДА ГИ ЗАДРЖИ ТИЕ РЕГИОНИ? Ако не го знаете одговорот, јас ќе ви кажам најискрено, не. Не ве носам во заблуда, не ви продавам евтин патриотизам, затоа што знам и сум свесен, ако на своја рака отидеме во војна со нив, тоа ќе биде самоубиство.
Да земаме бонуси од Италијанските региони, можеме и ако го преместиме главниот град во Италија, но прво треба некој од сојузниците да не избрише од балканот.

Муабетот ми е, дека од Италија не гледаме никаков благодет. Не ни користи, а и е ПЕКОЛНО ТЕШКО да се поврземе. Затоа, таму треба да се тактизира. Им дадов мир, затоа што знаев дека ќе се дигнат и Французите, ќе се дигнат и бугарите. Ако не беше мирот, ќе бевме на 3 фронта, и ќе завршевме како што ќе завршевме. Италијанците, се ПРЕСЛАБИ за да не победат, но вешто ќе ги користеа востанијата, како магнет за апсорпција на нашата штета, штета која можеме да ја усмериме во позначајните битки.

ЗАТОА МАКЕДОНЦИ, УШТЕ ЕДНАШ ДА ВИ УПАТАМ ЈАВЕН АПЕЛ, МИСЛЕТЕ СО СВОЈА ГЛАВА НЕКА НЕ ВЕ МАНИПУЛИРААТ!

- Непослушноста на малата група
Јас давам наредба, НЕ МАВАЈ ВО ВОСТАНИЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА, над мојот шаут веднаш се појавуваат членовите на оваа мала група со обратнопропорционална наредба од мене МАВАЈ ВО ВОСТАНИЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА.
Прво да кажам, јас одкога играм ереп, ниту еднаш НЕ СУМ СТИСНАЛ ФАЈТ ПРОТИВ МАКЕДОНЕЦ.Ако имало наредба да не се мава за Македонија, јас едноставо неможам да мавам против Македонија, и си барам друга битка. Што би ве чинело и вас да го направите тоа ? Или мислите дека сте патриоти, мангупи, шема доколку не слушате Претседателски наредби? Едно не свативте, а и нема да сватите додека ми трае мандатот, НЕ МИ ОДИТЕ МЕНЕ КОНТРА, НА МАКЕДОНИЈА И ОДИТЕ. Наместо да ја чувавте штетата која ја направивте за Македонија против Италија, штета со која вчера вечер ќе се боревте протиц Франција и ќе и помогневте на Македонија(тоа е патриотизам) вие ми контриравте мене, немислејќи дека и контрирате на Македонија.
Гледам, многу невкусни коментари за мене. Преоѓаат во лични навреди, за кои се јадат шамари во маало. Но ок, јас не се лутам, секој си има интелектуален капацитет, и граница на свеста, и едноставно не треба да им се замерува на таквите личности, несакаат да и тие самите така да се однесуваат, ама ги тера нешто.
Еве користам прилика да упатам јавен апел до нив
НЕ БИДЕТЕ НАИВНИ. НЕКА НЕ ВЕ КОРИСТАТ КАКО СРЕДСТВО ЗА ПРИКАЖУВАЊЕ НА НЕЗАДОВОЛСТВОТО ОНИЕ КОИ ИМААТ ПОГОЛЕМ ЛЕВЕЛ ОД ВАС. МИСЛЕТЕ СО СВОЈА ГЛАВА, НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВИ НАМЕТНУВААТ МИСЛЕЊА!И ЗАПАМЕТЕТЕ, НЕ ОДИТЕ ПРОТИВ МЕНЕ, ОДИТЕ ПРОТИВ ДРЖАВАТА!

- Конгресот
Јас бев во конгресот претходниот месец. Имаше ред, дисциплина, дораснати луѓе за таква важна функција.
Денешниов конгрес е ништо друго освен КАТАСТРОФА. Секоја чест на исклучите, се бројат на прсти.
Во конгресот владее тотален хаос, непочитување на авторитетот, страшно е аларманто е.
Дали е причината за такво нешто, преголемото присуство на малолетници во конгресот кои уште прашуваат по дома дали може да одат со другарите преку улица, или е нешто друго незнам.

Најпрво, на своја рака поднесување закони, па дури ако го прашаш поднесителот зошто баш таков закон, се навредува, и одма репликата, јас сум конгресмен имам 2 закона да поднесам ќе правам што сакам.
Прво, немаш такво право. Ајде малце размислете, што ќе биде од државата ако секој конгресмен, посебно си поднесува закони ? Тогаш зошто постои чат канал за конгресмените, нели доколку секој треба да си поднесува закони какви сака нема потреба да е во контакт со другите конгресмени? ГРЕШНА ТЕЗА.

Јавен апел до конгресот
СВАТЕТЕ СИ ЈА СЕРИОЗНО РАБОТАТА!!!


Падна Видин, но Пиринска Македонија жестоко ќе ја браниме.
После ова, ќе го ревидираме мирот и состојбата со жабарите.