Недостатоци кај новите новинарски правила

Day 1,241, 11:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Cool Hunter

Како што веќе сме запознаени со новите правила во медиумските простори веќе сме фрагментирани според различни сфери.Конечно нови правила од кои би имале некоја корист,а не само проблеми во адаптирање.За уредниците работата ќе биде значително олесната и конечно ќе дојдат до израз оние кои навистина пишуваат нешто корисно.Од друга страна редовните читатели ќе можат лесно да дојдат до посакуваната содржина избегнувајќи ги спам статиите.Но,тука има одреден проблем,мислам дека сепак недостасува уште еден сегмент:оддел за мито и корупција или да кажеме оддел за социјални случаи.Таму за жал би припаднал најголемиот дел од статиите од типот на молење за суб или трампа леб за суб што е под секакво ниво за новинарството во нашата едржава.